Како да дознаете дали некој го користи вашиот мобилен телефон за да ве следи и да ви краде информации?

Во денешно време со брзиот напредок на технологијата постојат многу начини на кои сме „мета“ на хакерите или на оние кои се разбираат малку повеќе во неа и можат да направат низа работи кои ќе ја загрозат нашата приватност, а со самото тоа и безбедноста. Токму затоа и сигурноста секогаш треба да ви биде на прво место. Со помош на неколку кодови на вашиот телефон можете да откриете информации што ќе ви покажат дали некој ве следи.

*#21#

Кога ќе го пишете следниот код, можете да откриете дали вашите повици и пораки се пренасочени. Состојбата на секоја информација ќе се прикаже на екранот. Оваа функција често ја користат љубоморните партнери или родители кои се обидуваат да ги заштитат децата од криминалци. Постарите луѓе често стануваат жртва кога ќе го позајмат мобилниот на непознат и со самото тоа ризикуваат да откријат информации за себе и за своите пријатели (каде живеат и слично).

*#62#

Овој код се користи ако сакате да дознаете каде се пренасочени повиците, пораките и податоците за кои ви се чини дека никој не може да ги открие. Големи се шансите во овој случај вашите гласовни повици да бидат пренасочени на бројот на вашиот мобилен оператор.

*#06#

Овој код се користи кога сакате да дознаете име и број или таканаречен ИМЕИ број. Ако го знаете овој број (што е единствен за вашиот телефон) со помош на него може да се пронајде вашиот телефон ако е украден. Кога е вклучена неговата локација непосредно се пренесува на мрежата на операторот дури и кога е вметната друга картичка. На овој начин може да се пронајде моделот на телефонот и неговите технички карактеристики.

##002#

Ова е универзален код за исклучување на секакви пренасочувања од телефонот. Добра идеја е да го употребите пред да отпатувате во странство каде што се користат роаминг услугите. Во овој случај нема да имате трошоци за повиците што би биле пренасочени на вашата гласовна пошта.

Џејмс Бонд

Постојат посебни кодови, познати под називот Џејмс Бонд, кои му овозможуваат на некој да ја следи вашата локација. За да ги откриете, ќе ви биде потребен софтвер познат како „Net Monitor“.

Впишете ги следниве кодови:

*3001#12345#* (за Ајфон) и *#*#4636#*#* или *#*#197328640#*#* (за Андроид).

Прво потребно е да појдете во делот со назив UMTS Cell Environment и да го напишете својот број. Овие броеви се најблиските станици што се наоѓаат во близина. Телефонот ќе се поврзе со најдобриот сигнал. После тоа вратете се на главниот именик, кликнете MM info tab и после тоа Serving PLMN. Запишете го бројот под кодот LAC (локален код на околината).

Со помош на овие два броја и обичен Интернет можете да ја одредите локацијата на картата со која е поврзан вашиот телефон. Сомнителните мобилни станици може да бидат камион или мал автобус со голема антена. Ваквите возила се користат за концерти или фестивали каде што Интернетот е слаб. Ако еден од нив се наоѓа во близина без причина, можно е да се занимава со шпионажа.

Користете Антивирус

Ако сте андроид корисник би требало повремено да проверувате дали во телефонот имате вируси. „PlaceRaider“ е еден од најопасните. Развиен е од страна на експерти, покажува колку е ранлив телефонот. Кога ќе влезе во телефонот, овој вирус ги презема фотографиите, создава 3Д модел од местото каде што се наоѓате и потоа ја користи предноста на која било Интернет конекција за да ги испрати собраните податоци со сите информации од вашиот телефон.

Заштитете се од шпиони

Како можете да се заштитите од криминалци и шпиони? Користете апликации кои се целосно затворени за други, како на пример „Telegram“, „Charla“, „Wickr Me“ или „Signal“. Одлучете кои информации се сигурни за пристап.

Ќе може ли некој да ги открие податоците од вашиот број или информациите за вашето семејство и најблиските? Бидете посебно внимателни кога поставувате фотографии од вашите деца.

Дознајте и на кои начини мобилните телефони можат да предизвикаат акни и други проблеми со кожата на лицето.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар