За сите трендсетерки: Најдобрите модни ТВ серии на сите времиња

Сите ние обожаваме ТВ серии. Особено оние во кои можеме да видиме модерни жени, преубава облека, обувки и модни додатоци. Ова се секако работи кои секоја жена ги забележува. Во овие ТВ серии пронаоѓаме инспирација за модни комбинации и дознаваме повеќе за светот на модата.

(1) najdobrite-modni-tv-serii-na-site-vreminja-www.kafepauza

Па, за кои ТВ серии станува збор? Во продолжение ви ги претставуваме најдобрите приказни на малите екрани во кои се испреплетуваат различни стилови и во кои главните глумци се крајно ентузијастички настроени кога станува збор за модата и сè што е поврзано со неа. Некои од овие ТВ серии подоцна станаа и филмови.

„Sex and the City“ (Сексот и градот)

Долго време оваа ТВ серија се наоѓаше на врвот на најгледаните. Во неа се раскажува за четири пријателки од Њујорк кои зборуваат за нивниот сексуален живот и се обидуваат да пронајдат нови начини да се справат со тоа како е да се биде жена во 90-тите.

Absolutely Fabulous (Апсолутно фантастични)

Оваа ТВ серија ги прикажува лудите несреќни авантури на Едина Монсун (Џенифер Сондерс) и нејзината најдобра пријателка Петси Стоун (Џоана Ламли), кои живеат во постојана магла од дрогирана и пијана себичност.

Gossip Girl (Озборувачка)

Во оваа ТВ серија станува збор за привилегирани тинејџери кои живеат на горната источна страна во Њујорк, кои не можат да ги сокријат своите тајни од немилосрдниот блогер кој постојано ги надгледува.

The Nanny (Дадилката)

Откако е отпуштена од работа и оставена од дечко ѝ, продавачка на козметика станува дадилка на три деца на еден богат англиски вдовец. Како што минува времето, тие почнуваат да се заљубуваат.

Dynasty (Династија)

Династија го прикажува животот на две богати семејства од Америка кои се борат за контрола на нивните деца и богатството.

Дајте им шанса и на овие нови ТВ серии кои дефинитивно треба да ги изгледате за време на викендот што следува.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар