Шест миризливи предлози за совршен новогодишен подарок

Новогодишните и божиќните празници се совршен период да им покажете на најблиските колку ги сакате и почитувате, а најдобар начин да го сторите тоа е со соодветен подарок. Изборот е широк, но козметичката компанијата Avon издвојува листа на шест сетови од нивната палета кои биле најпродавани во 2016. година и воедно пријатно ќе ги изненадат и најпребирливите. Во комплетите доминантни се опојните мириси, но збогатени се и со различни типови на декоративна шминка и козметика.

0-shest-mirizlivi-predlozi-za-sovrshen-novogodishen-podarok-kafepauza.mk

Компанијата на крајот на септември го претстави ексклузивниот парфем Avon Life креиран од светски познатиот дизајнер Кензо Такада. Тој создаде машка и женска варијанта под мотото „Живеј прекрасен живот“, а главна состојка е темјанушката. Се работи за цвет кој е ценет поради неговите ливчиња кои се дестилираат во софистицирано парфимирано масло.

1-shest-mirizlivi-predlozi-za-sovrshen-novogodishen-podarok-kafepauza.mk

На листата на најпродавани е и ексклузивниот сет Luxe кој содржи маскара, парфем и мини – спреј. Маскарата дава гламурозен изглед, а четкичката се приспособува за совршена дефиниција и интензитет на трепките од коренот до врвовите. Парфемот и мини – спрејот се микс на раскошните магнолија, опоен јасмин и луксузната гарденија.

2-shest-mirizlivi-predlozi-za-sovrshen-novogodishen-podarok-kafepauza.mk

Меѓу најбараните производи од македонските потрошувачи е и комплетот Attraction за мажи и за жени. Во машкиот сет се наоѓаат тоалетна вода, шампон и гел за туширање и балсам за после бричење додека женскиот е составен од лосион за тело, парфем и мини – спреј. Главната компонента на овие сетови е магнетниот мошус кој ги прави неодоливи и ги издвојува од останатите.

3.1-shest-mirizlivi-predlozi-za-sovrshen-novogodishen-podarok-kafepauza.mk 3.2-shest-mirizlivi-predlozi-za-sovrshen-novogodishen-podarok-kafepauza.mk

Avon на жените им го нуди и комплетот Dreams во кој има парфем, путер за тело и спреј кои се креирани на база на водна слива, роза центифолија и дрвени ноти.

4.1-shest-mirizlivi-predlozi-za-sovrshen-novogodishen-podarok-kafepauza.mk4.2-shest-mirizlivi-predlozi-za-sovrshen-novogodishen-podarok-kafepauza.mk

Идеален подарок за саканата е и Avon Cherish со парфем, лосион за тело и гел за туширање и во кои има екстракти од црешов цвет, скапоцениот мошус и кремасто сандалово дрво.

5-shest-mirizlivi-predlozi-za-sovrshen-novogodishen-podarok-kafepauza.mk

Повеќе информации за производите на Avon може да се најдат на веб-страницата на компанијата.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар