Пивара Скопје со инвестиција од 1,4 милиони евра во нова современа опрема

Дополнителна гаранција за висок квалитет на пивото

Пивара Скопје ја претстави новата опрема за полнење во чија набавка и инсталирање се вложени над 1,4 милиони евра, со што вкупните инвестиции на компанијата во производството на пиво и безалкохолни пијалаци во изминатата деценија надминаа 40 милиони евра.

5-pivara-skopje-so-investicija-od-14-milioni-evra-vo-nova-sovremena-opremakafepauza.mk

Со капацитет за полнење кој достигнува и до еден милион шишиња за едно деноноќие, новата софистицирана опрема го зголеми за 30% вкупниот капацитет на постојната линија за полнење на пиво во Пивара Скопје. Дополнително, поради својата флексибилност, новата опрема овозможува зголемување на можностите и иновациите во проширување на асортиманот на пакување на пивото во стаклена амбалажа со нови форми и димензии.

1-pivara-skopje-so-investicija-od-14-milioni-evra-vo-nova-sovremena-opremakafepauza.mk

„Сведоци сме на еден исклучително значаен момент за сите нас во Пивара Скопје, за нашите партнери, за потрошувачите и секако за целата домашна индустрија за производство на пијалаци. Оваа нова, технолошки напредна опрема за полнење е многу повеќе од обична машина. Тоа е инвестиција која отвора ново поглавје во развојот на Пивара Скопје, но и нов поттик за развојот на целокупната пивска индустрија“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Јован Радосављевиќ, нагласувајќи дека „со најновото вложување, вкупните инвестиции на Пивара Скопје во иновации, модернизација на производството и останатите сегменти, во последните 10 години надминаа 40 милиони евра, со што долгорочно се гарантира одржливиот развој на компанијата, се зајакнува нејзината конкурентност, како и силното позитивно влијание врз заедницата и домашната економија“.

4-pivara-skopje-so-investicija-od-14-milioni-evra-vo-nova-sovremena-opremakafepauza.mk 6-pivara-skopje-so-investicija-od-14-milioni-evra-vo-nova-sovremena-opremakafepauza.mk

Новата современа опрема за полнење на пиво во стаклени шишиња е произведена специјално за потребите на Пивара Скопје, од страна на реномираниот светски производител на ваков вид опрема – компанијата Кронес. Официјалниот почеток со работа на новата опрема следува по скоро тримесечни темелни подготовки, калибрирања и тестирања на нејзините перформанси, со што се обезбедени сите гаранции дека новата опрема, со своите напредни технички и технолошки можности, ќе го зголеми нивото на сигурност и брзина во производството и ќе обезбеди да се задржи високиот квалитет на пивото.

3-pivara-skopje-so-investicija-od-14-milioni-evra-vo-nova-sovremena-opremakafepauza.mk

„Пивара Скопје отсекогаш применувала најсовремена технологија за производство на пиво, која во комбинација со знаењето, вештините и искуството на вработените, стекнати во изминатите 93 години, ни овозможува да создаваме пиво според највисоките стандарди и критериуми за квалитет. Оваа нова современа опрема, со своите врвни перформанси и напредни технолошки решенија е одлично продолжение на успешната приказна за создавањето на пивото со кое сите ние се гордееме и во кое уживаме“, вели менаџерот за производство на пиво во Пивара Скопје, Кирчо Стојанов.

Значајна карактеристика на новата опрема за полнење на пиво е нејзината висока ефикасност. Таа е целосно компатибилна со системите за заштеда на вода и енергија во Пивара Скопје, со што компанијата уште еднаш ја потврдува својата долгорочна определба за заштита на животната средина.

За повеќе информации, фотографии и видеа посетете ја интернет страницата: www.polnacasa.mk.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар