Пруги, корсети и широки фармерки: Стилски трикови за атрактивен изглед

Во светот на модата терминот „атрактивно“ го означува сето она што во еден момент е тренди и модерно, односно нешто што изгледа убаво и го истакнува добриот стил, но и квалитетниот моден вкус. Доколку сакате да изгледате атрактивно на тој начин, тогаш овие совети и мали трикови со сигурност ќе ви бидат корисни, бидејќи ќе ви обезбедат совршена појава која ќе ја видите и како одраз во огледалото, но и како она што го презентирате на околината.

0-prugi-korseti-i-shiroki-farmerki-stilski-trikovi-za-atraktiven-izgled-www.kafepauza.mk_

1. Она што најпрво треба да го совладате е постигнувањето „основен“ изглед. Сосема е едноставно, потребни ви се парчиња облека со едноставен крој, без впечатливи дезени и принтови, само чисти форми кои издишуваат елеганција и лежерност, и на тој начин секогаш ќе имате совршен изглед.

1-prugi-korseti-i-shiroki-farmerki-stilski-trikovi-za-atraktiven-izgled-www.kafepauza.mk_

2. Еве еден одличен трик: Секогаш можете, со кои било парчиња облека, во кој било стил да ја додадете омилената маица или блуза со пруги, што е всушност дезен кој е секогаш популарен. Заедно со опуштените комбинации изгледа малку атрактивно, а на некои поелегантни, шик парчиња ќе им ја даде потребната доза лежерност.

2-prugi-korseti-i-shiroki-farmerki-stilski-trikovi-za-atraktiven-izgled-www.kafepauza.mk_

3. Она што морате да го научите е слоевитото облекување кое секогаш изгледа занимливо и модерно. Освен тоа, ова е трик кој ќе ви овозможи дури и наједноставните комбинации да ги направите неповторливи и впечатливи.

3-prugi-korseti-i-shiroki-farmerki-stilski-trikovi-za-atraktiven-izgled-www.kafepauza.mk_

Продолжете на следната страница за да ги погледнете преостантите совети за атрактивен изглед.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар