Нешто ново на чинијата! Пробајте го новото Président Salakis Traditional зрело сирење!

Присутнo во многу светски кујни и во најразлични гастрономски комбинации, сирењето е навистина ценета храна во многу култури, а може да се јаде за појадок, ручек, вечера или да се послужи со предјадење, главното јадење или по десертот.

Постапката на правење на сирење е позната уште пред 4.000 години, а денес во светот постојат стотици различни врсти на сирења; од оние конзумирани во секојдневното мени, до луксузни и скапи врсти.

Сите љубители на сирењето ќе ги израдува веста за новото Président Salakis Traditional зрело сирење што од неодамна може да се најде во нашите маркети. Создадено од 100% високо-квалитетно млеко, со карактеристичен, интензивен вкус и богата, млечна текстура со сигурност ќе најде широка примена на трпезите и во кулинарството.

Нешто ново на чинијата! Пробајте го новото Président Salakis Traditional зрело сирење!

Спакувано е во премиум, иновативно пакување со цедилка која овозможува хигиенско вадење, за едноставно сервирање и уживање во само 4 чекори.

Нешто ново на чинијата! Пробајте го новото Président Salakis Traditional зрело сирење!

Може да се послужи на дрвена подлога, мермерна или стаклена плоча, на сламена подлога, па дури и во дрвена корпа.

Président Salakis Traditional е совршено, свежо залче со разни пијалоци, крекери, во тостови, со зеленчук или во тестенини.

Исечено на парчиња, со неодоливо сочен, кремаст и свеж вкус Président Salakis Traditional е богато сирење што секогаш ќе биде добро друштво во сосови и тестенини, супи и чорби, во рижото, лазањи, но и во топли сендвичи, пици и многу запечени јадења.

Направено од исклучиво квалитетно млеко, Président Salakis Traditional е одлично и за на скара, задолжителна состојка во салати и рецепти со домат, босилок, маслинки, пиперки или послужено со дресинг од маслиново масло и оригано.

Благодарејќи на составот и на текстурата, Président Salakis Traditional е превкусно и на грил тава, скара, потпечено во тавче или запечено во алуминиумска фолија и послужено со оригано или ливчиња нане.

Ова медитеранско задоволство гурманите ќе го послужат со ладна лубеница или со грозје, како додаток во омлет, полнети пиперки, тиквици, модри патлиџани или во пити и пирошки.

Иако постојат безброј комбинации на конзумирање, сепак веруваме дека Président Salakis Traditional својата македонска кулинарска препознатливост и популарност ќе ја стекне со топол леб, летна манџа и ладно пиво во летните денови создадени за одмор и уживање ☺

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар