Eucerin Sun Crème Allergy Protection – докажана заштита од алергии предизвикани од сонце

Во умерени количества сонцето е извор на здравје, го крева расположението, буди чувство на среќа. Научно е докажано дека помага во регулирање на сите животни функции и има значајна улога во формирањето на сончевиот витамин Д кој е важен за структурата на коските.

2-eucerin-sun-creme-allergy-protection-kafepauza.mk

1-eucerin-sun-creme-allergy-protection-kafepauza.mkНо, предолгото и неумерено изложување на сончевите зраци може да биде опасно. Дерматолозите се погласно апелираат да се чуваме од штетното дејството на УВ зраците. УВБ зраците навлегуваат во горните слоеви од кожата и предизвикуваат изгореници. УВА зраците делуваат како игли: продираат длабоко во кожата и можат да предизвикаат алергии од сонцето, хиперпигментација и предвремено стареење на кожата.

Најдобар начин за заштита е доколку воопшто не се изложуваме на сонце. Но постојат моменти кога едноставно не сакаме да бидеме во сенка. Во такви ситуации ни е потребна високо ефикасна заштита, која ја овозможува Eucerin Sun Crème Allergy Protection. Клинички тестиран и медицински докажан овој производ обезбедува ефикасна заштита од алергии предизвикани од сонцето со Алфа-Глукозил-Рутин од дрвото јапонска пагода и витамин Е.

Покрај ефективните УВА и УВБ филтри, овој производ овозможува единствена биолошка заштита со Ликохалкон, силен антиоксиданс кој ги заштитува клетките на кожата во подлабоките слоеви. Лесно се размачкува и обезбедува природен тен на кожата без истата да сјае.

Да се заштитиме денес, за утре да бидеме здрави и прекрасни.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар