Елена Антониевиќ: Во AVON самата си го одредувам работното време

Елена Антониевиќ: Во AVON самата си го одредувам работното време

„Со едномесечна заработка можете да си дозволите ексклузивно семејно патување“, вели Антониевиќ.

1-elena-antonievikj-vo-avon-samata-si-go-odreduvam-rabotnoto-vreme-kafepauza.mk

Елена Антониевиќ е дел од AVON повеќе од 2,5 години, период во кој работи како Регионален менаџер за продажба. Иако по професија е магистер по правни науки, целосното досегашно работно искуство ѝ е во секторот продажба. Уште како средношколка хонорарно работела на различни промоции на производи и услуги, а за време на студиите се вработила во тутунска компанија како унапредувач на продажба, од каде продолжила работејќи на продажба во лизинг-компанија. По неколкугодишна пауза кога ги завршувала магистерските студии и станала мајка, се пријавила за позицијата на Регионален менаџер во AVON, која ја добила по спроведеното интервју. Во моментов е одговорна за Скопје, Прилеп и Кавадарци, а нејзиниот тим има 1.500 Претставници и 76 Координатори и Менаџери.

Со што се занимавате како Регионален менаџер во AVON и како оваа работа ве прави среќна?

Позицијата опфаќа низа одговорности и задачи, меѓу кои најзначајни се зголемување и одржување на бројот на Координатори и Менаџери врз основа на што доведува до зголемување на бројот на нови Претставници и одржување на активноста на постоечките. Сето ова вбројува и низа други активности поврзани со развојот и напредокот на мојот тим, како и работењето според стандардите на AVON. Секако оваа позиција си има и свои благодати како што се признанија и награди за остварување на планови и други параметри во нашето работење, при што добиваме 17 плати во текот на една година (колку што има и брошури во годината). Сето ова придонесува навистина да се гордееме со тоа што сме го постигнале, но и да се стремиме кон остварување на што повисоки резултати.

Каде го наоѓате балансот меѓу професионалното и приватното?

Предноста во AVON е што сама си го одредувам работното време, а како алатка за тоа користам календар на обврски кој го креирам пред почетокот на секој квартал. Тоа ми овозможува да направам баланс помеѓу задолженијата што си ги имам зададено за кварталот и времето што ми е резервирано за најблиските.

Како AVON ве поттикнува во работењето?

Иако во AVON имаме Претставнци и Менаџери и од посилниот пол, сепак AVON е компанија на жените. Како таква, таа се грижи не само за убавината и финансиската независност на жената, туку донира на организациите кои се борат против ракот на дојката, како што во Македонија е здружението „Борка“, а компанијата е вклучена и во борбата против семејното насилство. Во нашите брошури можете да сретнете производи со чие нарачување целосниот износ се донира токму за овие цели. Бидејќи по професија сум правник и блиска ми е областа за семејното насилство, свесна сум и знам со што се соочуваат жртвите на семејно насилство, каде што во 91 отсто од случаите жртвите се жени. Мило ми е што можам преку AVON да придонесам за развивање на нивната свест за самопочитување и пријавување на сторителот на вакви кривични дела до надлежните институции.

Дел сте од AVON, но имате своја фирма – што значи тоа за Вас?

Да се има сопствена фирма си има свои предности, но и одговорности. Предноста е што сум и управител и потписник, имам свое седиште (канцеларија) каде што ги завршувам обврските, имам увид на приходите и расходите на фирмата, располагањето со приходите го определувам по сопствена желба, вработена сум во сопствената фирма и трошоците за пензиско и инвалидско осигурување сама си ги покривам, склучувам договори за соработка со други правни субјекти. Сето тоа си сноси свои одговорности како што се навремено подмирување на обврските, работење во рамките на законите итн.

Како AVON Ви помага во бизнисот?

Покрај тоа што AVON финансиски ги обезбедува дел од трошоците кои настануваат при моето работење, компанијата дополнително ме финансира мене и мојот тим преку најразлични бонус-програми за Координатори и Менаџери, претставнички програми, како и организирање на гала-вечери и конференции. AVON инвестира и во обуки за менаџирање, но и за унапредување на продажните вештини. Овие обуки претставуваат значаен извор на знаења кои можат да се применат не само во работењето во AVON, туку и на која било друга менаџерска или продажна позиција во секоја компанија.

2-elena-antonievikj-vo-avon-samata-si-go-odreduvam-rabotnoto-vreme-kafepauza.mk

Како соработувате со тимот, колку тие Ве следат?

Мило ми е што имам луѓе во мојот тим кои што се пронајдоа и го градат својот бизнис во AVON. Темелите на сето ова се поставуваат со самото укажување на оваа можност, но и на креирање развоен план на активности за да се стигне до посакуваната цел. Дел од луѓето со кои работам се подготвени на овој предизвик, а дел од нив цврсто чекорат кон мојата позиција што навистина ме прави горда, бидејќи во AVON сите имаат подеднакви можности за напредок.

Како членовите на тимот Ве доживуваат?

Пријателите велат дека сум амбициозна личност која совршено ги усогласува работните обврски и обврските што ги носи мајчинството, дружељубива и човек од доверба. Додека, пак, тимот со кој работам вели дека сум доследна на кажаното, принципиелна, човек кој несебично го пренесува своето знаење и се грижи за нивните потреби и желби преку изнајдување на решенија и планирање на активностите за остварување на истите.

Што е со наградите, што сѐ имате досега добиено на овој план?

AVON е една од ретките компании во Македонија која доделува награди, признанија и бонуси за добро завршената работа. Секако, тоа претставува мотив плус за мене за да се потрудам повеќе во следната кампања и да го дадам максимумот, зашто знам дека некој ќе го забележи тоа и соодветно ќе го награди. Самиот факт што работам за оваа компанија за мене е награда. Покрај тоа, имам освоено многу бонуси, награда за најпродавани кремови од линијата AVON Nutra Effects, патување во Париз итн. И секако покрај награди и бонуси, AVON овозможува и добра заработувачка со која може за еден месец да си дозволите ексклузивно 10-дневно фамилијарно патување надвор од нашите граници.

3-elena-antonievikj-vo-avon-samata-si-go-odreduvam-rabotnoto-vreme-kafepauza.mk

Како ја дефинирате целта на Вашата работа во AVON?

AVON, како компанија во која можностите за развој немаат лимит, дава одлична можност за самоунапредување преку развој на менаџерските вештини. Овие вештини се трудам да ги искористам за зголемување на бројот на Менаџери (титули) во мојата зона, а следствено на тоа и зголемување на бројот на Претставници, што пак ќе ми донесе константен и стабилен раст на зоната.

Каква стратегија имате за развој на Вашиот тим?

Како и во секој бизнис така и во нашиот, за да бидеме успешни потребни ни се партнери за работа. Имам среќа да работам со партнери кои се мотивирани за постигнување на нивните цели, како и за градење на кариера и бизнис во AVON. Мотивацијата, всушност, е основната алатка што ја употребувам во работењето од причина што таа на долг рок ни носи позитивни резултати. Насоченоста и охрабрувањето за постигнување на зададените цели бара време, истрајност и употреба на сите продажни вештини. Резултатот е неминовен.

На што од ангажманот во AVON најмногу се гордеете?

Пред околу една година од менаџерскиот тим на AVON добив понуда да работам како бизнис-тренер во Бугарија. Оваа понуда навистина ме направи горда на тоа што го имам покажано во компанијата и како мојот труд е проценет од страна на менаџерот и тренерот на Бугарија, Албанија и Македонија за периодот на моето работење. Сепак, од приватни причини морав да ја одбијам понудата, но сигурна сум дека понуди од ваков или сличен тип ќе имам и во иднина.

Какви Ви се плановите за следните три години – останувате во AVON?

Се гледам себеси на сегашната позиција бидејќи како Регионален менаџер никогаш не може да ви биде здодевно. Секојдневно среќавате нови луѓе, разменувате искуства, ставови и визии, што прави денот да биде исполнет и продуктивен.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар