Дрогериите dm подаруваат бесплатна промена на изгледот

Дрогериите dm подаруваат бесплатна промена на изгледот

Дрогериите dm на сите заинтересирани им подаруваат бесплатна промена на изгледот со помош на најдобрите брендови шминка и под водство на реномирани мејк-ап артисти, на големиот настан кој ќе се одржи на 9 октомври (среда) од 17 до 21 часот во трговскиот центар „Капитол мол“. Први кои ќе седнат на столчињата за тотална трансформација се познатите водителки Цеце Трајковска, Милена Антовска и Елена Стојаноска и блогерките Софија Јанева, Miss Urban Vibe и Даниела Ѓуровска.

Дрогериите dm подаруваат бесплатна промена на изгледот

Водител на настанот ќе биде Марко Марк, а за „трансформациите“ ќе бидат одговорни мејк-ап артистите: Сим Салтирова, Александра Але Алексовска, Рина Меговска – Алексиќ, Марина Христовска, Милена Косиќ и Небојша Пешевски. На секое од шесте столчиња за промена на изгледот ќе се користи различен бренд шминка и посетителите ќе може да искусат вистинска промена со: Max Factor, L’Oréal, Maybelline, Aura, Wet n Wild и Trend IT UP.

Дрогериите dm подаруваат бесплатна промена на изгледот

Производите од овие брендови од 1 до 31 октомври ќе бидат на попуст до 45 отсто во сите dm маркети во земјава. На случувањето ќе биде присутен и професионален готвач кој ќе подготви закуски користејќи ги органските производи достапни во dm.

Дрогериите dm подаруваат бесплатна промена на изгледот

Настанот е дел од кампањата на dm под хаштагот #neverstopchanging која е насочена кон мотивирање на потрошувачите да ги прифатат промените како составен дел од животот и воедно храбро да експериментираат со искуствата, како и со сопствениот изглед. Поради тоа се реализира овој настан кој е во насока на пораката дека секој од нас треба да се отвори кон новите текови и да се обиде да внесе свежина во сопственото секојдневие.

Дрогериите dm подаруваат бесплатна промена на изгледот

Повеќе информации може да најдете на веб-страницата на dm.