Науката трвди дека ова е песната што најмногу предизвикува да се чувствувате добро

Сигурно мислите дека ако имаше анкета која песна прави да се чувствувате добро, на врвот ќе беа „Happy“ на Фарел Вилијамс, „Shake it Off“ на Тејлор Свифт или „Love on Top“ на Бијонсе.

Науката трвди дека ова е песната што најмногу предизвикува да се чувствувате добро

Но, според истражувањето спроведено во 2015 од британскиот производител на електроника „Алба“, ниту една од тие песни не е број еден.

Во истражувањето на „Алба“ биле вклучени 2 000 возрасни луѓе од Велика Британија кои требало да кажат кои се нивните омилени песни што предизвикуваат да се чувствуваат добро. Најчестите одговори на испитаниците биле „Dancing Queen“ на АББА (секогаш забавна за танцување на свадби), „Good Vibrations“ на Бич Бојс (одлична за излет на плажа) и „Uptown Girl“ на Били Џоел.

Но, песната што се најде на првото место е од 1979 година и станува збор за „Don’t Stop Me Now“ од Квин.

Ако имате помалку од 40 години, можеби не знаете кои се Квин или Фреди Меркјури, но веројатно сте слушнале некоја нивна песна.

„We Are the Champions“ и „Another One Bites the Dust“ се песни што се пуштаат на големи спортски настани, а „Crazy Little Thing called Love“ беше прикажана во реклама за чипс од Леј.

Квин е британски бенд, а во истражувањето биле вклучени возрасни Британци.

Тие слушаат музика на Квин многу често на фудбалски натпревари и непосредно пред да започнат борба (фудбалско хулиганство), така што Квин може да има позитивна асоцијација за Британците.

Сепак, како може песна што е објавена пред повеќе од 41 година да има совршена формула за добра песна?

Д-р Џејкоб Џолиј ги анализирал податоците од анкетата на „Алба“ и рекол дека „Don’t Stop Me Now“ е совршен пример за песна што предизвикува да се чувствувате добро, има брзо темпо (околу 150 отчукувања во минута) и оптимистички стихови.

Погледнете ја оваа есенска плејлиста за викенд опуштање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар