15 неверојатни ефекти на музиката што влијаат на вашето здравје

Автор: Маја Миноска

„Една добра работа во врска со музиката е што кога ќе ве погоди, не чувствувате болка.“ – Боб Марли

Многу луѓе не знаат дека музиката покрај тоа што носи радост, исто така влијае и на подобрување на здравјето, што научниците го имаат докажано преку низа истражувања.

1-15-neverojatni-efekti-na-muzikata-shto-vlijaat-na-vasheto-zdravje-kafepauza.mk

Еве неколку причини зошто да го почнувате секој ден со музика:

Помага за подобар сон

Музиката придонесува за здраво спиење. Истражувачите открија дека класичната музика помага при инсомнија, особено кај студентите. Слушањето класична музика е поекономична опција за подобрување на нарушувањата со сонот, наместо лекарствата.

Го намалува стресот

Не е чудно што музиката влијае на намалување на стресот. Студиите покажуваат дека музиката стимулира биохемиски редуктори на стрес кои ни помагаат да се чувствуваме подобро.

Помага да допрете до себе

Со подобрување на расположението, музиката допира и до нашите емоции, покажува една студија од 2013. Учесниците ја истакнале „самосвеста“ како една од најважните предности на музиката.

Ја ублажува болката

Музиката има способност да го намали интензитетот на болката. Таа ги активира сетилните патишта и на тој начин го одзема вниманието на личноста од болката.

Се бори против анксиозноста

Кога се чувствуваме анксиозни, слушањето музика ни помага против вознемиреноста и го има истиот ефект на мозокот како при масажа на телото.

4-15-neverojatni-efekti-na-muzikata-shto-vlijaat-na-vasheto-zdravje-kafepauza.mk

Дејствува како мотиватор за велосипедисти и тркачи

При едно истражување спроведено од студенти се докажало дека луѓето кои возеле статички велосипеди, возеле подинамично додека слушале брза музика, споредено со оние кои не слушале никаква музика за време на експериментот. Доколку преферирате трчање, слушањето на вашите омилени песни ќе ви помогне да ги соборите личните рекорди дури и да ја зајакнете издржливоста. Накусо кажано, музиката помага да ги изведувате вежбите поефикасно и да уживате во нив.

Помага да се опоравите побрзо по тренингот

Докажано е дека телото се опоравува побрзо после напорно вежбање кога ја слушате омилената музика.

Се бори против тагата

Музиката може успешно да се спротивстави на симптомите на депресија, но жанрот е многу важен. Класичната и музиката за медитација може да го подобрат расположението кога се чувствуваме тажни, но слушањето хеви метал или техно не би помогнале многу во истерување на лошите мисли.

3-15-neverojatni-efekti-na-muzikata-shto-vlijaat-na-vasheto-zdravje-kafepauza.mk

Ја олеснува функцијата на крвните садови

Научниците докажаа дека емоциите кои луѓето ги имаат додека слушаат музика придонесуваа за поздраво функционирање на крвните садови. Како што музиката прави да се чувствувате посреќно, се зголемува крвотокот во крвните садови.

Помага при опоравување од мозочен удар

Една финска студија открила доколку пациентите со мозочен удар слушаат музика дневно по два часа, ќе се опорават побрзо. Не само што се подобрува нивното расположение, туку и вербалните способности и вниманието.

Ја подобрува ефикасноста во стресни ситуации

Динамичната музика може да го намали стресот во одредени ситуации како на пример на при важен натпревар. Истражувачите докажаа дека слушањето динамична музика пред натпревар може да ги ослободи играчите од стрес и да ги подобри нивните перформанси.

Ве прави внимателни кон храната

Слушањето музика за време на оброците им помага на луѓето да уживаат во конзумирањето на храната. На овој начин стануваат свесни што конзумираат и навистина да ја вкусат храната, наместо да јадат набрзина што предизвикува да се чувствуваат сè уште гладни и незадоволни од оброкот.

2-15-neverojatni-efekti-na-muzikata-shto-vlijaat-na-vasheto-zdravje-kafepauza.mk

Ги подобрува когнитивните функции

Слушањето музика додека работите на некоја задача може да го зголеми вашиот ментален фокус и вашата ефикасност. Истражувањето покажува дека може да ги зголеми когнитивните способности на поединецот, но само ако ги има истите ефекти и врз емоционалната состојба.

Музиката може да доведе до стадиум сличен на медитација

Бавната музика може да влијае на брзината на мозочните бранови, што ги прави слични со мозочните бранови на некој што е во хипнотичка или медитациска состојба. Има лековито дејство и ги олеснува симптомите на ПМС и проблемите со однесувањето.

Им олеснува на пациентите кои треба да се оперираат

Едно истражување откри дека пациентите кои слушаат музика пред кардиоваскуларна операција, се чувствуваат помалку загрижени. Музиката го намалува стресот и после операција доколку пациентите слушаат музика додека одмараат.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар