Викенд книга: „На улица Даблин“ – Саманта Јанг

Може ли човек целосно да го остави минатото зад себе исто како да не се случило? Дали одрекувањето е начин спомените да се уништат?
Наша оцена: 5/10
Ваша оцена: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (18 гласа, просек: 9.33 од 10)
Loading...

0-kniga-na-ulica-dablin-samanta-jang-kafepauza.mk

Привлечен наслов, уште попривлечна корица, полн погодок за дамите, особено за оние кои во моментов бараат нешто лесно, нешто што ќе ги релаксира и забавува. Интересна книга која ќе ви ја раскаже приказната за Џоселин, демоните од нејзиното минато со кои болно се соочува, но и нејзината упорна потрага по среќа и светла иднина. Станува збор за делумно еротска книга, така убаво „спакувана“, но без тој експлицитен и претеран стил на серијалот „Кросфајр“, на пример.

Книгава е преведена на над 28 јазици и ужива воглавно добри критики. А еве за што станува збор.


Доделуваме 2 книги во соработка со издавачката куќа Сакам книги


Џоселин го оставила својот живот во Америка зад себе и се преселила во Шкотска со цел да започне нов живот. Нејзините родители и помалата сестра починале кога таа била многу млада и со себе го носи демоните од минатото кои ја прогонуваат и не ѝ даваат мир. Таа е самотник, не се врзува лесно со луѓето, не е романтичарка која копнее по љубов на прв поглед. Неа совршено ѝ оди тој живот на самотник, ладна, воздржана, независна. Сè додека не реши конечно да ужива во наследството од нејзините прерано починати родители и да си приушти удобен стан со забавна цимерка која по сè изгледа има за цел да ѝ стане најдобра пријателка на Џос. Обидите на Ели, цимерката на Џос, да ѝ стане најдобра пријателка и да ја направи дел од своето семејство, ќе резултираат со панични напади поради тоа што Џос ќе се присетува како е да се има семејство.

Тука е и Брејден (се разбира), богат, згоден маж кој е навикнат да ужива во сè што сака и лесно да ги добива нештата кои му се по мерак. Но, Џоселин е тврд орев за кршење па ќе мора да се потруди малку повеќе.

Дали Брејден ќе успее да ги сруши ѕидовите кои Џоселин ги изградила околу себе? Дали ќе успее да се пробие во нејзиниот оклоп? Дали таа ќе му се отвори и ќе му дозволи тој вистински да ја запознае?

Морам да бидам искрена дека книгава не ме воодушеви посебно, но ја препорачувам на помладите девојки кои преферираат романтични комедии (мојата 17-годишна братучеда не можеше да се соземе откако ја прочита и ја оцени со 100 од 10). Мене ми беше некако предвидлива и лесна. Да не заборавиме дека важен е тајмингот, па затоа мислам дека причината е тоа што оваа книга просто не е тоа што ми требало во моментот и затоа не ги задоволила моите апетити.

Изданијата на Сакам Книги можете да ги набавите од сите поголеми книжарници.

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдСакамКниги и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до сабота, 24 јануари 2015.

Добитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе бидат доставени по пошта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Jovanka Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги

  2. Zheljko Reply

    #СакамКнигаОдСакамКниги
    Жељко Младеновски

Остави коментар