Книга: „Соголена пред тебе“ – Силвија Деј

Книга: „Соголена пред тебе“ – Силвија Деј

„Еден на друг си станавме немилосрдно огледало во кое се појавуваа одразите на нашите најдлабоки рани но и најскриени страсти…“

Книга: „Соголена пред тебе“ – Силвија ДејНе обидувајте се да пронајдете некакво метафорично значење во насловот, дека таа е соголена со чувствата или нешто слично. Не, таа е буквално соголена, така што решив денешната рецензија да ја наречам „рецензија за возрасни“, што воедно поттикнува едно многу интересно прашање: треба ли и на книгите да стои натпис над 18? Шала на страна, ви претставувам книга која не се чита со шолја кафе туку можеби со нешто жестоко.

Главните компоненти на оваа книга се: секси и мажествен херој, хероина која лесно ќе ја засакате, интересни случувања и многу секс. „Кога станува збор за жестока и сурова сексуална хемија во литературата, Силвија Деј е тешко да се надмине.“


Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ


Станува збор за два доста комплицирани ликови со длабоки и болни трауми од раната младост. Помеѓу Ева и Гидион се јавува силна привлечност, хемија која не може да се игнорира, многу испреплетени чувства и желба за поседување на другиот.

Ева е млада и привлечна девојка која заедно со својот пријател, бисексуалецот Кери, се сели во Менхетен каде го почнува животот од почеток. Добива работа како асистент во голема фирма каде го запознава секс-богот Гидион. Ева има мрачни сеќавања од детството бидејќи била злоупотребувана и со петни сили се обидува да го надмине тоа. Токму кога ѝ се чини дека може да се ослободи од своето минато, во нејзиниот живот влетува Гидион Крос кој навидум е совршен, но крие тајни кои го уништуваат. Поради болното минато, мајката на Ева е целосно опседната со нејзината безбедност што дури оди во крајни граници. Додека Гидион пак, поради своите трауми изгледа дека не е во можност да има здрава љубовна врска, да се отвори целосно и да прими некој во својот живот.

Но Ева и Гидион не се единствените со трауматизирано детство. Пријателот и цимер на Ева, Кери, поради односот со својата мајка е цврсто уверен дека не заслужува љубов и среќа и е навикнат да ги оттргнува од себе добрите нешта, па дури и да ги казнува и повредува оние кои го сакаат.

Овој роман ги обработува овие три лика изнесувајќи ги на виделина можните последици од болната младост. Сепак, главно се фокусира на ликовите на Ева и Гидион кои мора многу да работат на нивната врска ако сакаат да им успее. И двајцата се опседнати еден со друг и се болни од љубомора. Потиснатите чувства од нивното минато полека излегуваат на виделина и ѝ се закануваат на сегашноста. И двајцата имаат проблем со сериозното врзување за некоја личност. Поради своето минато Ева не дозволува да биде поседувана или управувана, додека Гидион чувствува болна потреба да поседува и владее.

Дали и двајцата ќе ги победат демоните од минатото? Може ли да имаат здрава љубовна врска и покрај сè? Што ќе се случи кога жените од минатото на Гидион непрестајно ќе се појавуваат во неговата сегашност? Ќе се отвори ли Гидион пред Ева дозволувајќи ѝ да влезе во неговиот живот? Се чувствува ли Ева безбедна покрај човек кој по сè изгледа дека не може да ги контролира демоните од своето минато?

Книга: „Соголена пред тебе“ – Силвија Деј

Книгава во повеќе наврати е споредувана со ултрапопуларната серија книги „50 нијанси на сиво“, што јас искрено не би можела да го коментирам бидејќи иако многу прашина се крева околу тие „сиви нијанси“, не сум прочитала ни една книга од серијалот. Сепак да се задржиме на „Соголена пред тебе“, за што уште би надополнила дека можеби е подобро да не ја читате ако сакате нежна романтика, но ако сакате силна страст и секс исткаени низ зборови (што, да бидеме искрени, не е лесно да се напише), тогаш ова е вистинската книга за вас.

Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk

Едно е сигурно, ќе ви ги загрее претстојните студени ноќи. 🙂

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до вторник, 3 декември 2013.

Добитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест.

Наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Biljana Minanova

  2. Magdalena Reply

    #СакамКнигаОдТРИ Magdalena Dimitrievska

  3. Monika Reply

    #СакамКнигаОдТРИ

  4. filip Reply

    sakam kniga od TRI

  5. Aleksandar Nikolovski Reply

    #СакамКнигаОдТри најискрено ме заинтересиравте за книгава, Кафе пауза најдобри сте,голем поздрав до вас 🙂

  6. Анонимен Reply

    СакамКнигаОдТРИ

  7. Viki Reply

    Ja sakam knigava definitivno 🙂

  8. Natasa Reply

    Sakammmmmmmm kniga od TRI

Остави коментар