Како да ја победите анксиозноста во 7 чекори?

Како да ја победите анксиозноста во 7 чекори?

Дали чувствувате дека времето ви лета, дека сите обврски ќе ве претекнат, дека немате контрола а имате толку работи кои треба да ги направите, цели кои треба да ги постигнете? Со денешното темпо на живот не грижете се, не сте единствени. Многумина страдаат од анксиозност понекогаш, дури и многу често. Еве како да го победите ова непријатно чувство.

Како да ја победите анкциозноста во 7 чекори?

1. Дишете длабоко

Најважно е за миг да се одделите од светот. Запрете, затворете ги очите и вдишете длабоко додека броите до четири, потоа повторно броете до четири задржувајќи го здивот, па издишете исто така броејќи до четири. Повторете ја оваа постапка 5-10 пати. Ова ќе ви помогне да се ослободите од тензијата, го намалува пулсот на срцето и прави да се чувствувате дека ги имате нештата под контрола.

2. Замислете го најлошото

Ова може да ви звучи нелогично, зошто би размислувале негативно кога сакате да се ослободите од стресот и тензијата? Размислете повторно. Доколку го замислите најлошото можно сценарио, потсвесно ќе креирате и начин како да излезете од таа криза, што би значело дека сте подготвени за тоа. Потоа ќе се вратите назад во реалноста знаејќи дека ништо од тоа не ви се случило и дека ја имате контролата да влијаете на нештата и да ги направите исправно.

3. Ослободете се од негативните мисли

Престанете да држите сè во вас, не мора секогаш и пред секого да изгледате присебни и смирени. Секој има проблеми и нешта кои го мачат, затоа се тука вашите најблиски. Доколку чувствувате дека анксиозноста ви штети, дека не сте спокојни и постојано сте под притисок, отворете се пред некој кој ви е близок. Споделете го она што го чувствувате и во истиот момент ќе почувствувате олеснување. Исто добра идеја е да почнете да пишувате дневник. Одвојте 5-10 минути дневно и напишете како се чувствувате и кои се обврските и нештата кои ја предизвикале анксиозноста.

Како да ја победите анкциозноста во 7 чекори?

4. To-do листите скратете ги на минимум

Во ред е да правите список со нешта кои треба да ги завршите со цел да имате контрола, но не го пренатрупувајте списокот со непотребни работи. Напишете го најважното, она што е клучно, па така ќе ја намалите и анксиозноста. На пример, ако во текот на неделава треба да направите план за вашата семинарска и да му го приложите на професорот, не ја дополнувајте листата со: купи четка за заби, нахрани го кучето, фрли го ѓубрето итн. Нема потреба, тие работи секако ќе ги направите само што со нивното запишување автоматски ги претворате во големи обврски кои ви тежат.

5. Имајте распоред и држете се до него

Анксиозноста ја чувствувате кога имате премногу обврски кои ви тежат, па секогаш е добро да планирате и да правите распоред. Тоа веројатно веќе го знаете, но клучно е да се држите до направениот распоред и да не правите отстапки од него бидејќи во моментот кога сте го правеле сте гледале пообјективно на нештата. Понатаму во одреден момент може да почувствувате дека не правите доволно, дека може да направите повеќе и не се концентрирате на задачата која треба да ја завршите во моментот туку лутате со мислите за она што ви следува утре или пак колку обврски ќе имате наредната недела. Стоп, фокусирајте се на овој момент!

Како да ја победите анкциозноста во 7 чекори?

Не дозволувајте вниманието да ви биде одвлечено, оддалечете се од телевизорот, компјутерот (ако работата ви е поврзана со компјутер, тогаш користете го единствено за таа цел) или мобилниот. На што работите во моментов? Изработете го до перфекција, потем ќе мислите на друго.

6. Грижете се за себе и бидете физички активни

Доволно се грижевте за сè останато освен за себеси. Дајте си ветување дека без оглед на обврските и зафатеноста, ќе одвоите макар еден час од денот за себе. Спортувајте, опуштете се со масажа, гледајте добар филм со семејството или партнерот, поминете време со најблиските. Светот нема да запре ако за миг престанете да се фокусирате единствено на работата.
Како да ја победите анкциозноста во 7 чекори?

7. Побарајте помош

Не е срамота да побарате помош, никој од нас нема надприродни моќи. Доколку сте мајка, сопруга и вработена жена, разговарајте со сопругот и поделете ги обврските. Доколку чувствувате дека во последно време работата ве исцрпува, разговарајте со вашиот деловен партнер, колега или претпоставен. Обратете ѝ се на личноста за која знаете дека ќе покаже разбирање.

Доколку гледате дека состојбата се влошува и излегува од контрола, побарајте и професионална помош. Посетете психолог кој би ви помогнал да се справите со анксиозноста. Навиката да го игнорираме проблемот надевајќи се дека ќе мине, на никого не му оди во прилог.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар