Виетнамско панакота кафе

Виетнамските имигранти го запознале Југот со мноштво вкусови, вклучувајќи го и слаткиот, кремаст пијалак што го инспирирал овој десерт од соништата.

Потребни состојки:

  • 625 милилитри млеко
  • 250 милилитри засладено кондензирано млеко
  • 125 милилитри хопла
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • ¼ лажичка сол
  • 1 ќесичка нерафиниран желатин
  • 4 лажици еспресо во прав
  • 1 лажица какао
  • декорација: чоколадни струготини

Начин на подготовка:

  1. Во мало тенџере, на средна температура, ставете да вријат 125 милилитри млеко, кондензираното млеко, хоплата, ванилата и солта. Потоа тргнете го настрана, покријте го и оставете да отстои 30 минути.
  2. Во голем сад, ставете 125 милилитри млеко, посипете со желатин (не мешајте) и оставете да отстои 10 минути.
  3. Вратете ја топлата смеса од млеко на тивок оган, мешајќи постојано. Потоа, додајте ја во смесата од желатин, мешајќи додека да се раствори желатинот. Ставете го и преостанатото млеко. Процедете ја смесата преку сито или стерилна газа. Одвојте 250 милилитри од млечната смеса, покријте ја и оставете да отстои 2 часа во ладилник. Во преостанатата смеса, додајте ги какаото и еспресото во прав.
  4. Истурете по 125 милилитри од еспресо смесата во 6 стаклени тегли или чаши. Оставете да отстои во ладилник 2 часа.
  5. Чашата со млечна смеса што ја одвоивте претходно поделете ја во стаклените садови (околу 3½ лажици во секоја). Покријте ги со целофан и оставете да се лади во текот на ноќта. По желба, декорирајте со чоколадни струготини.

Погледнете го и овој рецепт за банана сплит торта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар