Што се случува со вашето тело кога пиете кафе на празен желудник?

Најчестата навика која многумина практикуваат да ја прават наутро е пиењето кафе. Според многубројните научни истражувања познато е дека кафето нема долготрајни негативни ефекти врз здравјето, но постојат неколку причини зошто тоа не треба да се консумира на празен желудник. Во продолжение прочитајте што се случува со организмот кога првото нешто што го разработува е кафето и зошто е подобро ако го пиеме со или после јадење.

Што се случува со вашето тело кога пиете кафе на празен желудник?

1. Се зголемува количината на желудочна киселина

Зголеменото количество на желудочна киселина предизвикува проблеми со варењето на храната кое може да се чувствува во текот на целиот ден. Високото ниво на киселост со тек на време може да доведе до сериозни проблеми во абдоменот како чир, синдром на нервозни црева и рефлукс. Кафињата со понизок квалитет обично се покисели, што може само дополнително да ја зголеми штетноста.

2. Се зголемува чувството на стрес и анксиозност

Пиењето преголеми количини кафе може да предизвика стрес и анксиозност, а кога се консумира на празен желудник, проблемот уште повеќе се зголемува. Од друга страна, храната и варењето можат добро да влијаат на нашиот организам, посебно ако се одлучиме за поздрави продукти. За да се намали влијанието на кафето врз нервниот систем, секогаш пијте го во комбинација со закуски по ваш избор.

3. Се намалува нивото на хормоните

Главната причина поради која се зголемува чувството на стрес и анксиозност е всушност хормоналната нерамнотежа која настанува под влијание на кофеинот. Утринското кафе на празен желудник може да влијае врз производството на серотонинот, невротрансмитерот кој е одговорен за чувствата на задоволство, среќа и благосостојба. Истражувањата врз 20-тина испитаници покажале дека оние кои престанале да консумираат кафе на празен желудник биле попозитивни и порасположени, и општо се чувствувале подобро.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар