Што ќе се случи ако престанете да пиете кафе?

Доколку сте решиле да се откажете од кафето, во вашето тело ќе настанат некои сериозни промени. Некои се добри, а некои лоши, но секој организам е различен и на различен начин ќе справи со недостатокот од кафе. Во продолжение погледнете ги промените кои најверојатно ќе се појават откако цел месец нема да пиете кафе.

Што ќе се случи ако престанете да пиете кафе?

1. Ќе ослабите

Научниците откриле дека дневната доза кофеин што се наоѓа во шолја кафе, газираните пијалаци и чајот, може да го зголеми нивото на шеќер во крвта за 10%. Дури и ако не ставете шеќер или млеко во кафето, овој пијалак може да содржи и до 200 калории.

2. Постојано ќе бидете гладни

Кафето го намалува апетитот. Доколку се откажете од кафето, редовно ќе појадувате, па вашето тело секое утро ќе ја добива потребната енергија. Само погрижете се наутро да јадете нешто солено, а не благо. Немојте да го заменувате кофеинот со слатки, без разлика колку мислите дека сакате.

3. Ќе спиете подобро

Кога кофеинот ќе излезе од вашиот организам, ќе спиете без проблеми. Истовремено, будењето ќе ви биде полесно.

4. Ќе имате главоболки

Најчестата криза од недостаток на стимуланси на кои е навикнато телото резултира со јака главоболка. Кога ќе престанете да пиете кафе, го лишувате телото од адреналин и допамин – хормони кои ве држат будни. Наместо тоа, ќе почне да се лачи аденозин, хормон кој е одговорен за заморот.

5. Ќе се разболите

Кога ќе престанете да пиете кафе, може да се појават депресија, раздразливост, главоболка, несоница, вртоглавица и симптоми на грип. Но оваа криза трае само два дена, додека телото да се ослободи од целиот кофеин.

6. Поубава насмевка

Кафето е кисело, а неговата рН вредност ги уништува забите. Па, штом ќе престанете со пиење кафе, состојбата на вашите заби ќе се подобри.

7. Ќе го намалите внесот на антиоксиданси

Кафето е еден од главните антиоксиданси. Бројни истражувања покажале дека 3 шолји кафе дневно спречуваат појава на рак, развивање Паркинсонова болест и разни проблеми со коските. Доколку се откажете од кафето, внесувајте повеќе чаеви, овошје и зеленчук

8. Ќе ви се намали концентрацијата

Многу луѓе кои престанале да пијат кафе забележале дека не можат да се концентрираат поради заморот. По една недела, овие симптоми исчезнуваат.

9. Побавен метаболизам

Кафето е познат диуретик, па недостатокот може да предизвика констипација. За да го избегнете ова, вежбајте повеќе, пијте многу вода и консумирајте хранливи влакна.

10. Ќе бидете посмирени

Срцето ќе ви чука нормално, а мозокот ќе ви работи подобро. Доколку веќе некое време чувствувате нервоза и забрзано чукање на срцето, можеби треба да се откажете од кафето.

Доколку сепак не можете да се откажете од кафето, погледнете кои се изненадувачките придобивки од овој пијалак.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар