Зошто вашата мачка не треба често да излегува надвор?

Мачките на кои им е дозволено да излегуваат од дома имаат три пати поголеми шанси да се заразат со разни болести и паразити, за разлика од оние кои седат само дома. Ова се резултатите од едно неодамнешно истражување.

Зошто вашата мачка не треба често да излегува надвор?

Научниците истакнале и дека некои од овие болести, мачките можат да им ги пренесат и на луѓето. Интересно е што истражувањето покажало дека колку подалеку живеат мачките од екваторот, толку се поголеми шансите да се заразат со паразити или микроби.

„Со секое стапнување на земјата, можностите за зараза се зголемуваат за 4%“, изјавила Кајли Чалковски која го водела истражувањето.

„Тропските подрачја можеби ги доживувате како побогати со диви животни и паразити. Но изгледа дека географската ширина има друго влијание.“

За да одлучат кое место е подобро за мачките, Кајли и нејзиниот тим проучувале над 20 поранешни истражувања. Истражувањата ја проучувале честотата на болестите на мачки кои живееле само дома и на оние кои излегувале надвор. Во ова истражување биле проучени 19 различни мачкини микроби и паразити, од над 10 држави, вклучувајќи ги Шпанија, Канада, Австралија, Швајцарија, Германија и Холандија.

„Ова е прв пат, на разни локации, прецизно да се утврди пристапот до надворешниот свет на мачките како фактор за ризик од зараза.“

Ова е утврдено за речиси сите мачкини болести, вклучувајќи ги и оние кои се пренесуваат на луѓето.

„Всушност, каде и да сте во светот, чувањето на мачките дома е најдобриот начин да ги чувате здрави и незаразени. Ова е особено добар совет кога ќе се земе предвид дека многу од патогените што ги носи мачката можат да се пренесат и на луѓето.“

И другите припитомени животни можат да им пренесат болести на луѓето. На пример, кучињата можат да пренесат беснило, а добитокот – болести на дигестивниот систем. Најверојатно, дивите мачки прв пат стигнале во човечките заедници барајќи глодачи, а биле припитомени пред околу 5.000 години. Се проценува дека ширум светот, околу 500 милиони мачки се домашни миленици.

Погледнете ги и болестите што можат да ви ги пренесат домашните миленици.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар