Пролетен кафе коктел со вкус на ореви

Завршете ја оваа работна недела со вкусно егзотично кафе

Потребни состојки:
  • 1 супена лажица какао во прав
  • 1 кафена лажичка шеќер
  • Прстофат сол
  • 120 милилитри шлаг пена
  • 175 милилитри свежо подготвено црно кафе
  • 45 милилитри ликер со вкус на ореви
Начин на подготовка:

Ставете ги какаото, шеќерот, солта и шлагот во сад и изматете со електричен миксер. Матете сè додека не добиете хомогена смеса и не се формираат цврсти врвови на кремот.

Сипете ги кафето и ликерот во однапред загреана чаша (така што ќе сипете топла вода во неа, ќе оставите да отстои 1 минута и потоа ќе ја истурите). Со помош на лажица, префрлете го кремот врз кафето и просејте малку какао во прав. Послужете веднаш.

Пробајте го и наједноставниот кафе коктел за енергична викенд забава.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар