Ледено кафе со брауни

Дневна доза кофеин и десерт на едно место!

Потребни состојки:
  • 1 кафена лажичка инстант кафе
  • 3 супени лажици вода
  • 230 милилитри млеко
  • 2 супени лажици шеќер
  • 2 ситно исечкани парчиња од брауни
Начин на подготовка:

Загрејте ја водата и додајте го кафето во прав. Добро измешајте и почекајте да се олади. Во меѓувреме измешајте ги млекото и шеќерот и ставете ги во фрижидер на околу 2 часа за добро да се оладат.

Во сад за матење, ставете ја смесата со кафето, смесата со млекото и парчињата брауни. Матете додека не добиете мека и мазна мешавина. Сипете во чаша за послужување и декорирајте со трошки од брауни.

Кафе, корнет и чоколадо: Вкусна и неодолива комбинација!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар