Камбоџанско кафе од само 2 состојки

Уште еден едноставен азиски рецепт за кафе кој ќе ви ја разбие секојдневната монотонија

Камбоџанско кафе од само 2 состојки

Потребни состојки:
  • 230 милилитри кафе
  • 120 милилитри кондензирано млеко
Начин на подготовка:

Започнете со подготовката на свежо филтер кафе. Потоа наполнете мало тенџере со вода, околу 1/3 од површината и ставете го на шпоретот. Отворете конзерва кондензирано млеко и поставете ја целата конзерва во тенџерето со вода. Почекајте водата да зоврие и потоа внимателно тргнете ја конзервата, без да ја допирате со незаштитени раце. Сипете го свежо подготвеното кафе во шолја и потоа нежно сипете 120 милилитри од топлото млеко врз него. Течностите треба да формираат две слоеви. Послужете веднаш и уживајте.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар