Кафе ирска фантазија
Топло кафе со богат и незаборавлив вкус

Потребни состојки:
- 1 лажичка инстант кафе
- 1 и пол лажичка прав за топло чоколадо
- 20 мл ликер од ирски крем
- 200 мл зовриена вода
- шлаг
- цимет
Начин на подготовка:
Во широка стаклена чаша ставете ги кафето и правот за топло чоколадо. Посипете со топлата вода и додадете го ликерот од ирски крем. Декорирајте со шлаг и малку цимет.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
