Ирско кафе во стилот на Даблин

Отпатувајте до Даблин со овој одличен рецепт

Потребни состојки:
  • 1/2 лажичка свежо смелено морско оревче
  • 1 супена лажица темен кафен шеќер (на пример, демерара)
  • 230 милилитри еспресо (или друг вид силно, црно кафе)
  • 45 милилитри ирско виски (на пример, Џејмисон)
  • Шлаг пена
Начин на подготовка:

Ставете тенџере со средна големина на среден оган и смелете го морското оревче директно во него, а веднаш потоа додајте го и кафениот шеќер, рамномерно распространет по дното на тенџерето. Внимателно набљудувајте ги двете состојки, бидејќи шеќерот да почне да се топи и карамелизира.

Откако ќе се карамелизира, додајте околу 2 до 3 супени лажички од кафето и промешајте. За следните неколку чекори ќе мора да бидете многу брзи. Тргнете го тенџерето од оган и додајте го алкохолот, па внимателно запалете го. Држете го подалеку од топлина додека пламенот не згасне. Кога тоа ќе се случи, додајте го останатото кафе во мешавината и продолжете да мешате.

Префрлете ја мешавината во чаша и декорирајте со малку шлаг пена. Вашето кафе е подготвено.

Пробајте го и ова ирско кафе со бурбон и ликер од лешници.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар