Екстра ледено кафе

Екстра ледено кафе

Ледено кафенце, мелем за душа…Екстра ледено кафеПотребни состојки:

  • 150 мл ледено инстант кафе
  • 50 мл топла вода
  • 50 мл млеко
  • 4 коцки кршен мраз
  • екстракт од ванила
  • 2 лажички шеќер

Начин  на подготовка: Во топлата вода сипете ги шеќерот и неколкуте капки екстракт од ванила и оставете ја смесата во фрижидер да се олади. Чашата во која ќе го подготвувате кафето ставете ја во замрзнувачот 15 минути за и таа убаво да се олади. Откако ќе се олади чашата, ставете ги во неа коцките мраз и кафето, а одозгора посипете со млекото, ладната вода со шеќер и екстракт од ванила.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.