Домашно подготвено кафе од цикорија

Заменете го кафето со здрава цикорија

Потребни состојки:
  • 1 супена лажица пржен корен од цикорија во гранули
  • 1 супена лажица пржен корен од глуварче во гранули
  • 470 милилитри вода
  • 2 супени лажици кокосов путер (може и обичен)
  • 2 суви урми
  • Прстофат морско оревче во прав
Начин на подготовка:

Ставете ги цикоријата и глуварчето во тенџере и покријте ги со вода. Почекајте водата да зоврие, па намалете го огнот и оставете ги да вријат околу 2 минути. Тргнете ги од оган и оставете да отстојат во водата уште 10 минути. Сипете ја смесата во блендер, а потоа додајте ги и путерот и урмите. Матете околу 1 минута. Префрлете го пијалакот во две чаши и декорирајте со морското оревче.

Пробајте ја и оваа поедноставена верзија од рецептот за кафе од цикорија…

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар