Чоколадна мока со цимет

Чоколадна мока со цимет

Вкусно кафе со прекрасна арома и уште подобар вкус, кое можете да го пиете и на ладно и на топло…Чоколадна мока со циметПотребни состојки:

  • 40 г млечно чоколадо, исечкано
  • 200 мл инстант кафе
  • 100 мл пола-пола
  • шлаг
  • цимет стапче
  • 1 лажичка цимет во прав

Начин на подготовка: Ставете го чоколадото во тенџере и истото поставете го врз друго во кое ќе врие вода. Откако чоколадото ќе се стопи, додадете го микост од слатка павлака и млеко и мешајте додека смесата целосно не се соедини. На крајот додадете го кафето и скоро целиот цимет и мешајте додека не добиете фина пенлива смеса.

Сервирање: Ова кафе може да се служи на два начина. Едниот начин е веднаш да го послужите додека е топло, сипувајќи го во поголема шолја. Другиот начин е да го тргнете од оган да се олади, потоа да го оставите 1 час во фрижидер и на крајот да го послужите во висока стаклена чаша. Во двата случаи се декорира со шлаг, цимет стапче и цимет во прав.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.