Млечен пунч

Пробајте го овој млечен пунч кој ќе ве загрее пред спиење… во секоја смисла!

Млечен пунч

Потребни состојки за двајца:
  • 120 мл виски
  • 180 мл пола-пола*
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • 1/2 лажичка рендано морско оревче

* Пола-пола е израз кој им е најмногу познат на коктел мајсторите. Тоа е микс од млеко и слатка павлака (хопла). Во овој рецепт, најпрво треба да направите пола-пола и тоа со 90 мл млеко и 90 мл слатка павлака (хопла). Ставете ги во голем сад и мешајте со вилушка додека не се соединат. Така, добивате пола-пола.

Млечен пунчМлечен пунч

Начин на подготовка:

Во шејкер ставете го миксот од хопла и млеко (пола-пола) со неколку коцки мраз, вискито, шеќерот во прав, екстрактот од ванила и морското оревче. Ако немате шејкер, сите состојки измешајте ги во голем и длабок бокал. Убаво измешајте. Послужете го во убави стаклени чаши и декорирајте од горе со рендано морско оревче.

Млечен пунч

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар