ТВ серија: Засекогаш (Forever)

ТВ серија: Засекогаш (Forever)

ТВ серија за човекот кој постојано се враќа од мртвите

1-tv-serija-zasekogash-forever-www.kafepauza.mk_Главни улоги: Јоан Груфуд, Џоел Дејвид Мур, Алана де ла Гарза, Џад Хрш

Жанр: драма, научна фантастика

Креатор: Метју Милер

Премиера: 22 септември 2014

Број на сезони: 1

Времетраење: 43 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (11 гласа, просек: 9,91 од 10)
Loading...

Хенри Морган (Јоан Груфуд) е навидум сосема обичен човек кој живее сосема обичен живот. Тој работи како форензички патолог во Њујорк и е познат по својата неверојатна способност за забележување на детали. Токму оваа способност ќе го доближи до детективката Џо Мартинез (Алана де ла Гарза), која набрзо ќе почне да го бара неговото присуство на местото на злосторството со цел да им даде нова и свежа перспектива на бруталните убиства со кои тие се соочуваат.

ТВ серија: Засекогаш (Forever)

Па, тогаш што е толку посебно кај овој лик, би се запрашале? Неговиот живот можеби наликува на животот на сите останати, но има една клучна разлика – тој постојано се враќа од мртвите. Хенри верува дека го следи клетва која не му дозволува да умре, па токму затоа секогаш кога тој ќе го премине работ на смртта, се буди во вода, гол. Можете само да замислите во колку непријатни ситуации се има најдено поради оваа негова „способност“.

ТВ серија: Засекогаш (Forever) ТВ серија: Засекогаш (Forever)

Единствената личност која ја знае неговата тајна е Ејб (Џад Хрш), со кој тој се познава од многу одамна. Ејб е секогаш тука да му помогне кога тој се наоѓа во некаква неволја, да го сослуша кога има некаков проблем, но и да го потсети на значењето на животот кое Хенри изгледа дека постојано го заборава. Тој е толку опседнат со тоа да најде лек за својата бесмртност, што понекогаш заборава дека во неговиот живот постојат личности кои повеќе би сакале да го гледаат жив отколку мртов. Од друга страна пак, тој е решен да ја открие вистината за секое убиство на кое работи, дури и по цена на неговиот живот.

ТВ серија: Засекогаш (Forever) ТВ серија: Засекогаш (Forever)

На одредени моменти Хенри премногу наликува на Шерлок Холмс, особено на оној Шерлок од ТВ серијата „Елементарно“. Но, текот на приказната целосно ја одвојува оваа ТВ серија од останатите од овој жанр и токму поради тоа е еден вид освежување на малите екрани. Доколку сте расположени за криминална драма која ве води напред-назад низ времето со цел да ви покаже колку работите (не) се смениле, тогаш оваа ТВ серија дефинитивно ќе влезе во листата на вашите омилени. Хенри е лик кој едноставно не можете да не го засакате и токму начинот на кој тој гледа на животот ќе ве натера да се замислите и за начинот на кој вие го живеете вашиот живот. Накратко, „Засекогаш“ навистина заслужува шанса.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар