ТВ серија: Како да се извлечеш неказнет за убиство (How to Get Away with Murder)

ТВ серија: Како да се извлечеш неказнет за убиство (How to Get Away with Murder)

ТВ серија за моќна адвокатка и нејзината вмешаност во едно мистериозно убиство

1-tv-serija-kako-da-se-izvlechesh-nekaznet-za-ubistvo-how-to-get-away-with-murder-www.kafepauza.mk_Главни улоги: Виола Дејвис, Чарли Вебер, Били Браун

Жанр: криминалистика, драма, мистерија

Креатор: Питер Новок

Премиера: 25 септември 2014

Број на сезони: 1

Времетраење: 45 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (29 гласа, просек: 9,52 од 10)
Loading...

И покрај тоа што првата епизода од оваа ТВ серија започнува малку хаотично и несфатливо, како што ќе поминува времето, работите сè повеќе ќе ви се разјаснуваат и нема ни да забележите кога ќе се навлечете на неа. Ова е една од оние динамични ТВ серии кои во периодот од 45 минути постојано ќе ве држат на работ. Секое откритие повлекува со себе нова мистерија и потребно е активно да ја гледате за да можете да ги забележувате сите нешта кои се случуваат. Станува збор за група амбициозни студенти по право кои со својата брилијантна професорка, која е и адвокат ќе станат дел од убиство кое целосно ќе го промени текот на нивниот живот.

ТВ серија: Како да се извлечеш неказнет за убиство (How to Get Away with Murder) ТВ серија: Како да се извлечеш неказнет за убиство (How to Get Away with Murder)

Аналис (Виола Дејвис) е моќна жена и одличен адвокат. Таа работи како бранител и постојано се стреми кон победа без притоа да се грижи дали нејзиниот клиент е виновен или не. Бидејќи паралелно работи и на факултет, таа секоја година одбира по 4 студенти да работат за неа. Аналис не е типична професорка по право, таа наместо да предава според програмата ги носи студентите на терен каде што имаат можност од прва рака да учат како да бидат адвокати. Но, конкуренцијата е голема и токму затоа само оние кои имаат доволно знаење, храброст и среќа ќе можат да станат дел од нејзиниот тим.

ТВ серија: Како да се извлечеш неказнет за убиство (How to Get Away with Murder) ТВ серија: Како да се извлечеш неказнет за убиство (How to Get Away with Murder)

Епизодата започнува со 4-ца студенти кои во шума разговараат за оружјето со кое било извршено убиство. Тие исто така имаат и голема караница за телото, дали да го остават онаму каде што е или да го закопаат. Во овој момент сè уште не се знае кој е убиениот и кој го извршил тоа убиство, но изгледа дека на некој начин сите се вмешани. Откако тие ќе одлучат да фрлаат паричка за нивниот следен чекор, епизодата нè носи пред 3 месеци, на нивното прво предавање на факултет. Ова движење напред-назад во период од 3 месеци ќе продолжи во текот на целата ТВ серија и токму тоа е она што ја прави возбудлива и мистериозна.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар