„The Duchess“ е новата серија на Нетфликс која навистина ќе ве насмее

„The Duchess“ е новата серија на Нетфликс која навистина ќе ве насмее

Летниот период наjчесто е оној кога сите филмови и серии ги оставаме настрана за да уживаме во морето, сонцето и природната убавина. Како и да е, бидејќи веќе се приближуваме кон есента, време е да истражиме нови серии и филмови во кои ќе уживаме во дождливите есенски денови!

Нетфликс нуди нова серија наречена „The Duchess“ која е комедија и ја следи приказната за животот на една млада самохрана мајка од Лондон. Нејзиното име е Кетрин. Таа ја сака модата, нема среќа во врските и не успева да оствари посериозен контакт. Она што најмногу го сака е да обезбеди најдобар живот за својата ќерка. На патот наидува на многу животни ситуации и одлуки кои се претставени на хумористичен начин, па сигурно ќе ве насмее до солзи!

Датум на објавување: 11 септември, 2020 година

Погледнете ги 5-те најдобри мини серии.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар