5-те најдобри мини серии: Нема да поверувате што всушност сте изгледале!

Останавте без идеја што да гледате за време на изолацијата?

5-те најдобри мини серии: Нема да поверувате што всушност сте изгледале!

Ви ги предлагаме 5-те најдобри мини серии, што го заслужуваат вашето целосно внимание! Секоја од нив има само по неколку епизоди, но тоа е доволно за да остави силен впечаток и никогаш да не ги заборавите!

1. „Изгубената соба“ („The Lost Room“, 2006 год.)

Оваа мини-серија има само 3 епизоди, но никогаш нема да ја заборавите! Џо Милер е обичен детектив, кој случајно доаѓа до клучот од собата број 10 во хотелот „Sunshine“. Но, клучот не ја отвора вратата. Детективот треба да ја реши мистеријата поврзана со оваа соба затоа што приказната се движи во целосно шокантна насока…

2. „Худини“ („Houdini“, 2014 год.)

Кратката серија (од вкупно само 2 епизоди) која ја раскажува приказната за славниот волшебник Хари Худини. Неверојатните трикови на илузионистот сè уште не се доволни за да се разоткрие еден од најневеројатните луѓе во светот.

3. „Чернобил“ („Chernobyl“, 2019 год.)

5-те епизоди од серијата ја покажуваат вистината за страшната трагедија што го погоди Чернобил. Погледнете ја реконструкцијата на трагичните настани и обидите да се неутрализираат грозните последици од големата нуклеарна катастрофа.

4. „Патрик Мелороуз“ („Patrick Melrose“, 2018 год.)

Патрик страда од бројни зависности од кои сака да се ослободи засекогаш. Во тие обиди тој открива дека причината за неговите психози лежи во детството. Преку 5 неверојатни епизоди оваа серија сериозно ја зголемува свеста за темите за кои сите треба да размислиме!

5. Олив Китериџ („Olive Kitteridge“, 2014 година

Секое семејство има тајна. Преку 4 неверојатно возбудливи епизоди, оваа серија открива што може да се случи во едно семејство во текот на 2 децении.

Можеби сакате да прочитате и за оваа ТВ серија „Зора“ („Daybreak“).


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар