Сакијаки Вестерн Џанго (Sukiyaki Western Django)

Сакијаки Вестерн Џанго (Sukiyaki Western Django)

Автор: Петар Џајковски

Филм за крвопролевањето, сладострасниот копнеж и алчноста

Сакијаки Вестерн Џанго (Sukiyaki Western Django)Режија: Такеши Мике

Главни улоги: Хидеаки Ито, Квентин Тарантино, Масанобу Андо, Коичи Сато, Каори Момои

Жанр: акција, вестерн

Јазик: англиски

Премиера: 15 септември 2007 (Јапонија)

Времетраење: 121 минута

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (10 гласа, просек: 6,40 од 10)
Loading...


Легендарниот јапонски режисер Такеши Мике, познат по култниот филм „Аудиција“ (Audition, 1999), во римејкот на вестерн-класикот „Џанго“ (Django, 1966 – Серџо Корбучи) им ја презентира својата луда генијалност на вестерн-шпагети фановите. Делириумски забавен, ужасно луциден и многу крвав, „Сакијаки Вестерн Џанго“ е еден од оние филмови кои на своето чело ги имаат истетовирани (со големи букви) зборовите „КУЛТЕН КЛАСИК!“

Сместен помеѓу големи прашливи пустини и сетови со пикторесно насликани позадини кои потсеќаат на театар, исполнет со каубојски шешири, револвери, јапонски костими, катани, самострели, експлозии, сурова акција и екстатична атмосфера, овој филм ги има сите елементи на избезумениот вртлог кој е основа на несекојдневноста и уникатноста на филмовите на Мике.



Приказна: Неколку века после легендарната „финална“ битка кај Даноура (The Battle of Dannoura), војната сè уште не е готова. Двата спротиставени клана Генџи (Белите) и Хеике (Црвените), некогаш големи и силни, после стотици години борба се целосно истрошени и прилегаат на обични бандити. И двете групи слушнале гласини за големо богатство кое се наоѓа во малото гратче Јута, па предводени од своите лидери Јошитсуне (кул криминалец и голем мајстор на катаната, лидер на Белите) и Кијомори (жежок и избувлив брутален убиец, лидер на Црвените) се среќаваат во ова градче. Овојпат е неизбежна вистинската финална борба која ќе ја заврши неколкувековната војна и ќе го донесе конечниот исход.Сакијаки Вестерн Џанго (Sukiyaki Western Django)Сакијаки Вестерн Џанго (Sukiyaki Western Django)Во ова градче на смртта се придружува уште еден мистериозен лик, непознат каубој, кој како свој сојузник ги има најбрзите прсти на целиот запад. И двете банди силно ги посакуваат неговите квалитети во своите редови и тој е онаа сламка која може да одлучи на која страна ќе се наведне победничкиот тас. Понатака не може веќе да се раскажува за дејството. Но не поради тоа што се губи, туку напротив се згуснува и доаѓаат на сцена голема палета на чудни ликови и неверојатни ситуации што понатамошното раскажување би го претворило во пристрасни импресии за омилените ликови и сцени.Сакијаки Вестерн Џанго (Sukiyaki Western Django)Сакијаки Вестерн Џанго (Sukiyaki Western Django)Кога и како да го гледате: Можете да го гледате сами, но и со добро друштво, сеедно. Кога филмот ќе почне вие ќе знаете дека гледате нешто добро, но нема да знаете што ќе се случи или како сето тоа ќе заврши. Таква е виталноста на сите филмови на Такеши Мике, без разлика на жанрот или темата која ја обработува, таа ви пренесува единствено искуство и чиста филмска забава.Сакијаки Вестерн Џанго (Sukiyaki Western Django)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар