Пристигнува нова серија за Шерлок Холмс: Објавен е мрачен, но ветувачки трејлер

Пристигнува нова серија за Шерлок Холмс: Објавен е мрачен, но ветувачки трејлер

Ако обожавате приказни за Шерлок Холмс и сè уште не ви се доволни, еве ја добрата вест. Серијата „The Irregulars“, новата верзија на приказната на Артур Конан Дојл за необичен детектив, пристигнува на Нетфликс, овој пат со натприродни елементи.

Автор на серијата е Том Бидвел, а заплетот следи банда тинејџери од Бејкер Стрит кои решаваат злосторства за Џон Вотсон и неговиот мистериозен деловен партнер Шерлок Холмс. Секој што ги прочитал книгите на Сер Дојл ќе се сети дека Шерлок честопати користел сиромашни деца на улица како помошници и шпиони. Првиот трејлер е прилично мрачен, но мора да се признае дека е интригантен. Сепак, ќе мора да бидеме малку трпеливи пред да утврдиме дали ги исполнува очекувањата бидејќи премиерата на серијата е најавена за 26 март.

Прочитајте и за оваа нова криминалистичка серија која е една од најстрашните што сме ги гледале во последните месеци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар