Наскоро доаѓа и првата божиќна серија на Нетфликс!

Изгледа дека Божиќ доаѓа многу порано оваа година, а тој ќе пристигне на Нетфликс веќе на 10 ноември со романтичната серија „Dash & Lily“. Серијата „Emily in Paris“ беше вистински доказ за тоа колку на публиката и недостасуваат едноставно забавните серии. Иако на крајот сите јавно ги мразат, вистина е дека уживаат во нивната незатегнатост и лесна содржина. Исто е и со божиќните теми кои се добро вложено време за релаксација, што навистина ни треба, со оглед на сè што се случува околу нас. Ова е токму она што Нетфликс уште еднаш го препозна, носејќи ни божиќна серија на малите екрани.

Станува збор за романтична комедија и двајца млади луѓе кои се во контакт само преку допишување, но на крајот се за вљубуваат. Секако, дејството се случува во Њујорк, централниот град за божиќната романса. Можеби ви се чини рано, но ноември е веќе пред вратата. Не бидете срамежливи, печете пуканки и препуштете му се на слатко божиќно задоволство!

Ако обожававте да гледате „Очајни домаќинки“, тогаш оваа ТВ серија сигурно ќе ве освои.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар