Ако обожававте да гледате „Очајни домаќинки“, тогаш оваа ТВ серија сигурно ќе ве освои

Ако обожававте да гледате „Очајни домаќинки“, тогаш оваа ТВ серија сигурно ќе ве освои

Пристигнувањето на малку постуден период значи дека во наредните месеци ќе го поминеме слободното време во рамките на удобноста на сопствениот дом, што и не е толку лошо кога ќе ја земеме предвид одличната серија што едвај чекаме да ја гледаме. Списокот на одлични серии секој ден станува се подолг, а подолу издвоивме една што можеби особено ќе им се допадне на обожавателите на популарните „Очајни домаќинки“!

Мора да признаеме дека не познаваме личност која не уживаше во хумористичните, често напнати и прилично емотивни епизоди на „Очајни домаќинки“ – серија што им даде на пријателствата на жените сосема нова и поинаква димензија. Ние веруваме дека друга серија тешко дека ќе ја надмине популарноста на оваа омилена класика, но една нова серија многу лесно може да достигне приближна популарност.

Ако барате серија што ќе ве релаксира по напорниот работен ден, тогаш „Sweet Magnolias“ е нешто што дефинитивно треба да го погледнете. Серијата го прикажува пријателството помеѓу три жени кои се познаваат уште од средношколските денови, како и сите болки во животот на возрасните, од оние љубовните како и семејните драми. Се гледаме во фотелјата, со пуканки во рака!

Можеби ќе ве интересираат и кои се најдобрите модни ТВ серии на сите времиња.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар