Краток романтичен филм: Слатко-горко (Bittersweet)

Краток романтичен филм: Слатко-горко (Bittersweet)

Кратко романтично филмче, кое ќе ве натера да се запрашате на колку луѓе секојдневно во светот им се случува оваа возбудлива, но непријатна ситуација со некој непознат човек.

Краток романтичен филм: Слатко-горко (Bittersweet)

Приказна: Убава девојка, се досадува и се чувствува осамено во едно кафуле, но кога ќе го крене погледот нагоре, се менува нејзиното расположение за 180 степени. Догледува згодно момче, кое ѝ мавта и ѝ гестикулира нешто преку прозорецот.

Режисер на ова симпатично романтично кратко филмче, е Стефан Ли, а продукцијата е на Вини Лу. Актерката која ја глуми младата девојка е Синди Ли, а џентлеменот кој стои пред прозорецот на кафулето е Мени Метјус Мотониус.

Доколку ви се допадна овој краток филм, веројатно ќе сакате да го погледнете и Лонг Бранч (Long Branch).


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.