„Лонг Бранч“ – одлична романтична комедија склопена во 12 минути

Предоцна е за враќање назад…

Содржина: „Long Branch“ е краток романтичен филм, во кој се работи за една девојка по име Лин, која едноставно сака да има секс за една вечер. Но, работите се усложнуваат кога дознава дека Греј, момчето коешто го „собира“ од улица за да имаат секс, ѝ вели дека живее во далечното соседство Лонг Бранч во Канада, кое е оддалечено минимум 2 часа возење со јавен превоз. Навидум приказната се состои во нивното долго патување, сѐ со цел да стигнат кај Греј дома и да имаат еден безначаен секс и никогаш повеќе да не се сретнат. Но, многу работи можат да се случат за 2 часа…

Критика: наместо досадна, клише романтична приказна, режисерите и креатори на филмот Дејн Кларк и Линзи Стјуарт, нè воведуваат во една поинаква љубовна перспектива, која истовремено е свежа и уникатна. Актерите внесуваат реалистичност и човечност во нивните улоги, што на крајот од 12-те минути, чувствуваме како вистински да ги познаваме нивните карактери.

„Лонг Бранч“ - одлична романтична комедија склопена во 12 минути

Можеби тоа е резултат и на автентичност која се крие зад приказната во филмот. Една вечер, на забава режисерите почнале да се бакнуваат и потоа Дејн ја повикал Лин, да дојде кај него дома. Но, откако дознала дека тој живее во Лонг Бранч, се откажала од идејата. Нивниот заеднички филм е всушност одговор на прашањето „Што ќе се случеше, доколку…“, односно претставува замисла за она што нивната вечер можела да биде, доколку таа кажела „да“. Одговорот на нивното прашање е забавно филмче, со одлични дијалози и фантастичен актерски перформанс.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар