Контроверзниот филм „Cuties“ може да влезе во трката за Оскар

Контроверзниот филм „Cuties“ може да влезе во трката за Оскар

Неколку месеци откако беше прогласен за контроверзен по својата тематика и сексуализираното портретирање на 11-годишно дете, пристигна веста дека тој може да биде номиниран за Оскар. Тој се најде на списокот на пет можни филмови со кои Французите ќе се натпреваруваат за најважната филмска награда. Покрај „Cuties“, се натпреваруваат и „Eté 85“ (Summer Of 85), „ADN (DNA)“, „Two Of Us“ и „Gagarine“.

Контроверзниот филм „Cuties“ може да влезе во трката за Оскар

Францускиот филм „Cuties“ се најде на удар на многу критичари за портретирање на малолетни девојки кои танцуваат оскудно облечени. Главната улога потекнува од муслиманско семејство кое и забранува да го стори тоа, и покрај нејзината голема желба и талент. Филмот беше сфатен како директен удар врз муслиманската заедница, но исто така беше остро осуден за прикажување девојки во такво сексуално опкружување. Иако доби многу високи оценки од критичарите и покажа успех во Франција, режисерот на филмот еднаш доби закани, а се крена прашина и околу најавата за филмот на Нетфликс.

Можеби ќе сакате да го погледнете и овој хорор филм во кој сите закони престануваат да постојат за 12 часа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар