5-те најдобри европски филмови во кои сигурно максимално ќе уживате

5-те најдобри европски филмови во кои сигурно максимално ќе уживате

Дали има нешто подобро од гледање добар филм со партнерот згреани под ќебенце? Бидејќи есента полека доаѓа, а со неа и ладното време и врнежливите денови и ноќи, подготвивме листа од 5 прекрасни филмови од европска продукција.

0-5-te-najdobri-evropski-filmovi-vo-koi-sigurno-maksimalno-kje-uzhivate-kafepauza.mk

1. Животот е убав (La vita e bella)

Овој италијански филм иако започнува како комедија, подоцна се развива и се расплетува во вистинска драма. Гвидо и неговата фамилија се пратени во нацистички концентрационен логор, каде тој смислува сложена лага за да го заштити својот син од ужасниот логорски живот кој ги снашол. „Животот е убав“ е филм кој ќе ве допре и кој длабоко ја истакнува родителската љубов – на што е сѐ е подготвен еден татко за да го заштити својот син.

2. Лов (Jagten)

Психолошка драма за која вреди да одвоите време. „Лов“ го следи животот на еден учител (Медс Микелсон) обвинет за злосторство што може да сосема да го уништи. Иако во еден момент животот му тргнува во добра насока, една мала „бела“ лага ќе успее да ја скрши неговата среќа. Овој филм е по малку тежок, но тој дава брутално искрени одговори на важните животни прашања.

3. Амелиja (Amelie)

Безгрижна романса која добро ќе ве освежи после „Лов“. Овој филм повеќе изобилува со духовити сцени, отколку со длабоки моменти. Филмот „Амелија“ е љубовна приказна која се одвива во срцето на Париз. Искреност, необичност и непосредност – особено во изразувањето на најдлабоките чувства е токму она што го издвојува од останатите.

4. Недофатливите (The Intouchables)

Овој филм ги следи животите на двајца мажи од целосно различни социјални средини. Едниот, богат аристократ кој по несреќа со параглајдерство останува парализиран, а другиот сиромашно момче кое се бори со предизвиците на младоста. „Недофатливите“ е топла драма за случајните пријателства и социјалните врски.

5. Кафе во Берлин (A coffee in Berlin)

Ова филмско остварување е симпатичен филм кој ја освежува германската кинематографија. Филмот го прати животот на бивш студент по право (Том Шилинг) кој не може да најде кафе на ниедно место во цел Берлин. Со голема доза сув хумор и своевиден коментар за општеството, „Кафе во Берлин“ е брутално хуман и искрен филм кој ќе го зароби вашето внимание.

Бонус филм: Градот на Господ (Cidade de Deus)

Овој филм не е од европска продукција, но вреди да ја дополни листата на добри неамерикански филмови. „Градот на Господ“ не е за „слабокрвните“. Тој нуди длабоко, болно, но навистина важно нурнување во животот, во еден свет кој е многу поинаков од оној што ние го знаеме. Срцепарателна приказна за животот во бразилските гета каде безбројните убиства и бруталноста влијаат врз животите на малите деца кои растат во светот на криминалот и насилството.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    kako toa CIDADE DE DEUS da e evropski film ???!

    • Кафе пауза Reply

      Се провлекол. 🙂 Благодариме за посочувањето.

Остави коментар