5 инспиративни филмови номинирани за Златен глобус што ќе ве остават без зборови

5 инспиративни филмови номинирани за Златен глобус што ќе ве остават без зборови

Минатата година не беше лесна, но зад себе остави врвни филмски наслови. Ако сакате малку посериозни приказни и дејства снимени според вистински настани, погледнете ги овие пет филмови кои заслужено се натпреваруваат за филмската награда Златен глобус.

„Ветувачка млада жена“ („Young Promissing Woman“)

Каси е поранешен студент по медицина што го напуштила колеџот и личност која нема амбиции. Живее со своите родители, работи како келнерка и нема момче. Но, Каси има една тајна во форма на едно чудно хоби. Се облекува секоја недела, оди во клубот и се преправа дека не може да стане или да си оди дома сама. Во тој момент настапуваат мажи кои, преправајќи се дека сакаат да ѝ помогнат, ја носат дома и тука настанува целото шоу. Иако истовремено е драма, црна комедија и трилер со елементи на фикција, заплетот на овој филм не е далеку од нашата реалност. Во последниов месец се случија многу работи поврзани со сексуалното насилство и вознемирување. Говореа многу жени, а Емералд Фенел, чие деби е номинирано во четири категории (најдобра драма, најдобар режисер, најдобро сценарио, најдобра главна актерка), им даде глас на оние што не можеа да го кажат тоа.

„Номадленд“ („Nomadland“)

„Номадленд: Преживеаната Америка во дваесет и првиот век“ е книга на Џесика Брудер, која ги проучувала животите на Американците принудени да живеат во кампери, откако морале да ги продадат своите имоти и куќи поради економската криза. Авторските права на книгата ги купија актерите Франсис Макдорманд и Питер Спирс, а филмот, кој претставува мешавина од документарен филм и фикција, го режираше кинеската режисерка Клое Жао. Заплетот на филмот, како и сцените полни со пустини и со животот на вистински номади ќе ве остават без здив. Филмот е номиниран за Златен глобус во неколку категории – за најдобра драма, најдобра режија, најдобра главна актерка и најдобро сценарио.

„Судењето на седумтемина од Чикаго“ („The Trial of the Chicago 7“)

Заплетот на овој филм се врти околу група млади момчиња кои биле дел од протестите во Чикаго против војната во Виетнам. Кога тим од осум неповрзани лица е обвинет за заговор против државата, следува вистинска потера против луѓе кои навистина не сториле ништо лошо. Филмот за борбата на младите против насилството и борбата за љубовта на оние луѓе кои веруваа во подобро утре е номиниран за најдобра драма, најдобро сценарио, најдобра оригинална музика и најдобар актер во споредна улога.

„Парчиња од жена“ („Pieces of a Woman“)

„Парчиња од жена“ е шокантна драма што го остави светот без зборови со самата најава која јасно укажуваше на болката и на проблемите на младите родители. Приказната следи еден млад пар кој чека дете и кој се одлучува за пораѓај дома. Кога ќе го изгубат детето по породувањето, нивниот свет се руши и започнуваат проблеми за кои не биле подготвени. Оваа тешка приказна ја покажува силата на жената која никогаш немала поддршка. Нејзиното потесно семејство ја смета за луда, вклучително и партнерот кој ја изневерува на најлошиот можен начин. Ванеса Кирби, која ја игра улогата на мајка, е номинирана за најдобра главна улога.

„Планинска елегија“ („Hillbilly Elegy“)

Филмот „Планинска елегија“ е базиран на истоимениот мемоар на Џ. Д.Ванс за неговиот однос со неговата мајка зависник и со остатокот од неговото семејство. Префрлувајќи се помеѓу 1997 и 2011 година, Ванс ретроспективно внесува увид во своето растење, што во никој случај не било лесно. И покрај тешкото минато и мајка која на моменти била неподнослива, Џ. Д. успева да прерасне во убав и паметен млад човек. Најголема поддршка имал од својата баба, која ја глуми талентираната Глен Клоус, номинирана за најдобра споредна женска улога.

Погледнете ги овие нови семејни филмови кои ќе можете да ги гледате оваа пролет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар