10 најдобри ТВ серии за 2017 година

Се подготвувате за дочекот на Нова година? После таа луда ноќ сигурно ќе сакате само да ги облечете вашите најудобни пижами, да се сместите на каучот и да уживате со маратонско гледање ТВ серии. Зар има нешто подобро од тоа за време на празниците?! 2017-та година беше полна со интересни и возбудливи серии, а ако не знаете од каде да почнете, ние ви ги препорачуваме следниве…

1. „Големи мали лаги“ (Big Little Lies)

10 најдобри ТВ серии за 2017 година

Убиство. Интрига. Риси Витерспун во дрска улога што одлично ѝ прилега. ТВ серијата е адаптација на романот од Лиен Мориарти, мистерија која ги испреплетува животите на повеќе жени и начнува сериозни проблеми како што се семејното насилство и училишното силеџиство. Оваа серија постигна огромен успех благодарение на извонредната актерска екипа што ја сочинуваат Витерспун, Никол Кидман, Шејлин Вудли и Зои Кравиц. Иако првичната идеја била да се направи мини серија, очекувајте и втора сезона!

2. „Ривердејл“ (Riverdale)

10 најдобри ТВ серии за 2017 година

Дејството во серијата се одвива во сегашноста, а ликовите полека ги разоткриваат мистериите на навидум совршениот Ривердејл. Иако втората сезона не ги исполни очекувањата на голем дел од обожавателите, сѐ уште има надеж дека нештата ќе се вратат во вистинската насока. И покрај тоа, сигурно ќе се согласите дека првата сезона беше извонредна!

3. „Кралица на шеќерните плантажи“ (Queen Sugar)

10 најдобри ТВ серии за 2017 година

ТВ серијата го прикажува животот на семејството Борделон кое го сочинуваат 2-те сестри Нова и Чарли и братот Ралф. Тие мора да се прилагодат на животните промени кога ќе станат сопственици на плантажа со шеќерна трска по смртта на татко им. Вистинска семејна драма што нема да ве остави рамнодушни!

4. „13 причини зошто“ (13 Reasons Why)

10 најдобри ТВ серии за 2017 година

ТВ серијата ја раскажува приказната на Хана, средношколка која извршува самоубиство и остава 13 касети посветени на луѓето кои придонеле за нејзината смрт. Касетите се пренесуваат од човек на човек, почнувајќи од момчето кое раширило злобна гласина за Хана. Оваа серија не е за секого, бидејќи солзите се неизбежни, особено ако сте почувствителни.

5. „Приказната на робинката“ (The Handmaid’s Tale)

10 најдобри ТВ серии за 2017 година

Станува збор за адаптација на дистопискиот роман од Маргарет Атвуд. Актерската екипа е извонредна и ја сочинуваат Елизабет Мос, Самира Вајли, Ен Доуд и Ивон Страховски. Втората сезона треба да излезе во април 2018 година и очекувањата се огромни!

6. „Девицата Џејн“ (Jane the Virgin)

10 најдобри ТВ серии за 2017 година

Забавна и хумористична серија која никогаш не престанува да нѐ изненадува! Доколку сакате да се расположите и да заборавите на секојдневните проблеми, дефинитивно треба да ѝ дадете шанса.

7. „Потрага“ (Search Party)

10 најдобри ТВ серии за 2017 година

Станува збор за мистериозна ТВ серија што изобилува со црн хумор, а главната порака е дека понекогаш подобро е да го најдеме тоа што мислиме дека го бараме. Доколку ги обожувате детективските мистерии обвиени со специфични хумористични елементи, сигурно ќе ви се допадне оваа серија.

8. „Несигурна“ (Insecure)

10 најдобри ТВ серии за 2017 година

Оваа извонредна хумористична ТВ серија го прикажува пријателството на 2 жени, како и нивните непријатни искуства и луди авантури. Доколку сте ја гледале првата сезона и имате одредени очекувања, подгответе се за вистинско изненадување што сигурно ќе ви се допадне!

9. „Ова сме ние“ (This Is Us)

10 најдобри ТВ серии за 2017 година

Ако сте ја изгледале првата сезона, знаете дека се работи за драматична серија која ги прикажува животите на неколку луѓе родени на ист датум чии судбини се испреплетуваат на необичен начин. Подгответе се за вистинска бура од емоции, бидејќи втората сезона изобилува со неочекувани пресврти: Рандал станува старател, Кејт доживува абортус, а Кевин се бори со зависност. Подгответе ги марамчињата за 2018 година!

10. „Катастрофа“ (Catastrophe)

10 најдобри ТВ серии за 2017 година

Оваа реалистична британска ТВ серија е полна со изненадувања! Подгответе се за уште многу смеење и забавни ситуации во третата сезона.

Ако не се пронајдовте во овие предлози, дајте им шанса на следниве 7 драматични ТВ серии.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар