Каква боја е вашиот паричник и како тоа влијае на вашата финансиска состојба?

Според некои верувања, воопшто не е сеедно дали парите во вашиот паричник ќе бидат уредно наредени или невнимателно турнати. Неуредниот паричник го блокира протокот на позитивната енергија и на тој начин внесува неред во вашите финансии. Па, ако сакате да ја подобрите својата финансиска состојба, ви препорачуваме уреден паричник со внимателно наредени пари. Мора да ги почитувате парите доколку сакате тие да продолжат да ви доаѓаат.

kakva-boja-e-vashiot-parichnik-i-kako-toa-vlijae-na-vashata-finansiska-sostojba1

Покрај уредноста на паричникот, постои уште една работа на која треба да внимавате, а тоа е никогаш да не носите (не)платени сметки во него. Тоа привлекува енергија на трошење која ќе ве тера постојано да давате пари за нешто. Од друга страна, обидете се во паричникот да имате само пари и кредитни или дебитни картички, а сè останато сместете го на некое друго место.

Што се однесува до бојата, исто како и боите на облеката или ѕидовите во домот, така и онаа на паричникот може да игра голема улога во вашата финансиска состојба. Па, доколку сакате во целост да го искористите овој трик од Фенг шуи, внимавајте на значењето на следните бои и изберете ја онаа што вистински најмногу одговара на вашиот карактер – којзнае, можеби токму тоа ви било потребно за конечно да заработите повеќе пари!

kakva-boja-e-vashiot-parichnik-i-kako-toa-vlijae-na-vashata-finansiska-sostojba

Црна и сина – боите на елементот вода. Тие се поврзуваат со богатство, особено црната која има неверојатна моќ да привлекува пари во вашиот паричник. Секојпат кога ќе го отворите за какво било плаќање, тој ќе ви предизвика позитивно чувство и ќе ви повика богатство.

Црвена – бојата на елементот оган. Таа се смета за најсреќната боја и покрај тоа што многумина ја сметаат за пресилна кога станува збор за паричник, може да ви помогне да го чувате полн ако сте големи потрошувачи.

Зелена – бојата на елементот дрво. Таа исто така е поврзана со растот и позитивната страна на животот. Зелената исто така предизвикува богатство и одлична е за оние што допрва почнуваат да заработуваат.

Жолта, кафена и крем – боите на елементот земја. Овие бои имаат моќ да ви овозможат финансиска стабилност и да ви помогнат да заштедите некој денар. Ако сте големи потрошувачи, најдобрата опција за вас е кафениот паричник.

Бела, сива, сребрена или златна – боите на елементот метал. Овие бои исто така можат да го задржат вашето богатство, правејќи го постабилно и потрајно. Златото секогаш се поврзува со луксуз, па ако ја одберете оваа боја за паричник, таа може да ви донесе луксузен живот.

Сте знаеле и дека бојата на ѕидовите влијае на должината на сонот?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар