Што се крие во темната страна од душата на земјените хороскопски знаци – Бик, Девица и Јарец?

Исто како и темната страна на Месечината, така сите луѓе имаат скриена страна на својата душа. Онаа што не ја покажуваат на другите, што толку добро ја скриле што ни самите не ја препознаваат. Карл Густав Јунг, познатиот психолог, најмногу ја истражувал оваа скриена страна, нарекувајќи ја сенка во своите трудови.

Сенката е мрачна страна на душата, според Карл Јунг, затоа што се состои од примитивни, негативни, социјално или религиски обезвредени човечки емоции и пориви како себичност, алчност, завист, желба за моќ или бес. Бидејќи луѓето едноставно не ги прифаќаат овие нешта на свесно ниво, тие ги потиснуваат, притискајќи ги во сенката.

Припадниците на земјените знакови, Бикот, Девицата и Јарецот, во својот личен развој учат како да воспостават однос со земјените нешта, како да ги чуваат, да ги разубавуваат, подобро да ги организираат и да ги направат трајно вредни за својот живот. Тие се поврзани со сите свои сетила и со телото, многу се реалистични, внимателни и амбициозни, со извонредна смисла за природа и убавина. Сепак, нивната сенка буди чувство на несигурност и промени што не можат да ги контролираат.

Во сенката најчесто им се кријат посесивноста и алчноста. Ако се плашат да го изгубат тоа што им дава чувство на стабилност, како парите и имотот, тие можат да станат себични, површни и алчни. Стравот од неуспех може да ги натера да станат и зависници од работата. Ова дури ги прави и лоши колеги, затоа што тие се претвораат во критични, ситничави перфекционисти што премногу бараат од другите и им завидуваат на оние што имаат успех и богатство.

Земјените знаци најчесто се несвесни за тоа дека делуваат во секоја ситуација онака како што нив најмногу им одговара, и многу често ги запоставуваат своите интимни и социјални односи поради парите и амбицијата. Загриженоста за сопственото здравје може да ги одведе и во хипохондрија, а сомнителноста и строгоста ќе ги турне нивните блиски, особено кога кон другите се неубедливи, а кон себе попустливи.

Дознајте и кои се доблестите на земјените знаци.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар