Истражување: Имањето премногу избори може да го парализира мозокот

Истражување: Имањето премногу избори може да го парализира мозокот

Постои феномен каде што на личност којашто е соочена со премногу опции ѝ станува потешко да донесе одлука, па дури и да се чувствува парализирано. Можеби го имате забележано ова кога одите во продавница и кога треба да одберете помеѓу бројните продукти што ви се понудени.

Истражување: Имањето премногу избори може да го парализира мозокот

Научниците го истражувале овој феномен анализирајќи го процесот на размислување на испитаниците кога им биле понудени повеќе опции. Анализирајќи резултати од 99 претходни истражувања, истражувачите заклучиле дека постојат 4 нешта што влијаат на нашето донесување одлуки. Овде спаѓаат задоволството или самодовербата, зажалувањето, можноста за менување на изборот и одолговлекувањето. Но ова истражување ги оставило научниците со повеќе прашања отколку одговори.

Сепак, едно ново истражување се обидело да разбере што навистина се случува во овие ситуации и како да ги избегнеме. Научниците не само што се обиделе да откријат дали навистина постои овој феномен, туку и на кои делови од мозокот влијае.

Научниците им покажувале 6, 12 или 25 фотографии со пејзажи на испитаниците. Нивна задача било да одберат која фотографија ја сакаат испечатена на некој предмет, како на пример шолја за кафе. Испитаниците биле набљудувани со магнетна резонанца додека ја донесувале нивната одлука.

Скенирањата покажале дека се активирале два дела од мозокот додека донесуваме одлуки. Работејќи заедно, двата делови од мозокот ни помагаат да ја донесеме одлуката што сметаме дека е најдобра. Но, колку повеќе опции имале испитаниците, толку повеќе работел мозокот обидувајќи се да ги анализира сите опции и потенцијалните исходи од изборот.

Се покажало дека идеалниот број на опции е 12 бидејќи мислиме дека имаме контрола над ситуацијата без да се чувствуваме преплавено. Иако е потребно дополнително истражување на овој феномен, истражувачите советуваат да ги ограничите вашите опции помеѓу 8 и 15. На овој начин најлесно ќе ја донесете најефективната одлука.

Погледнете и како полесно да донесувате тешки одлуки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар