Ретроградниот Меркур носи нови проблеми: 3 хороскопски знаци што ќе имаат многу тешкотии до 3 ноември

Ретроградниот Меркур носи нови проблеми: 3 хороскопски знаци што ќе имаат многу тешкотии до 3 ноември

Ретроградното движење на Меркур започнува на 13 октомври, а неговата огнена енергија ќе биде уште посилна затоа што е во знакот на Скорпија. Меркур е планета што владее со комуникацијата, а кога е во ретроградно движење, најчесто доаѓа до конфузија и негативни емоции. Овие 3 хороскопски знаци најмногу ќе ја почувствуваат мрачната енергија на ретроградниот Меркур во Скорпија:

Ретроградниот Меркур носи нови проблеми: 3 хороскопски знаци ќе имаат многу тешкотии до 3 ноември

Близнаци

Меркур е вашата владејачка планета и ќе има најголемо влијание врз вашиот хороскопски знак. Вашите организациски вештини нема да дојдат до израз и ќе ви биде многу тешко да се фокусирате на што било. Не обидувајте се да ѝ се спротивставите на оваа енергија.

Бидете флексибилни и работете на протокот на енергија. Зошто да не одвоите малку време да се опуштите и да му се посветите на вашето здравје? Фокусирајте се на неколку важни проекти и оставете сè друго на чекање. Кога ќе им се посветите на вашите потреби, ќе се преродите и ќе ви биде полесно да ги завршите сите задачи.

Девица

Ретроградниот Меркур секогаш го тестира вашиот организиран ум, па сигурно ќе пропуштите некои детали, а тоа ќе доведе до погрешнa комуникација, како што е вообичаено при секое ретроградно движење на Меркур.

Уште еднаш проверете ја целата пошта и бидете јасни кога сакате да пренесете нешто. Ако имате тајни што мора да ги чувате, потрудете се да остане сè во тајност. Познато е дека ретроградниот Меркур ги открива сите ваши тајни.

Скорпија

Ретроградниот Меркур е во вашиот знак и затоа мора да се подготвите за неговото влијание. Средете ги вашите мисли и обидете се да останете приземни. Не продлабочувајте ги стресот и негативните емоции уште повеќе и имајте на ум дека оваа ретроградна енергија влијае на вашите мисли.

Ако сакате да излезете од оваа негативна енергија, мора да запомните дека сте многу повеќе од вашите маани. Вие сте комплексно човечко суштество и не дозволувајте да ве ограничуваат вашите недостатоци. Не сомневајте се во себе. Работите ќе се подобрат наскоро.

Прочитајте што ќе ни донесе владеењето на Вагата до 23 октомври.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар