Ако ги јадете овие зеленчуци, вашата кожа ќе биде сјајна и чиста

Ако ги јадете овие зеленчуци, вашата кожа ќе биде сјајна и чиста

Храната што ја јадете влијае на секој сегмент од вашето тело. Кога станува збор за позитивните ефекти, храната може да ги намали болестите, да ви даде енергија, да ви го промени расположението и да се чувствувате подобро. Покрај тоа, храната може да ви помогне да имате сјајна и чиста кожа, а овие зеленчуци најмногу придонесуваат за тоа.

Ако ги јадете овие зеленчуци, вашата кожа ќе биде сјајна и чиста

Зелка

Зелката е одличен извор на влакна што играат важна улога во намалувањето на воспалителните процеси и во подобрувањето на текстурата и на изгледот на кожата.

Спанаќ

Храната богата со витамин А може да го намали предвременото стареење и оштетувањето на кожата, па затоа спанаќот е одличен избор.

Карфиол

Карфиолот и брокулата се богати со витамин Ц и со бета-каротен и ги отстрануваат штетните материи од вашето тело.

Лук

Лукот е една од најздравите намирници и ги смирува воспалителните процеси во организмот, кои влијаат и на кожата.

Морков

Бета-каротенот е уште една корисна хранлива состојка кога станува збор за здравјето на кожата. Бидејќи бета-каротенот дејствува како антиоксидант во организмот, тој може да ги отстрани штетните компоненти од телото кои предизвикуваат стареење и воспалителни процеси во телото.

Кељ

Исто како морковите, кељот содржи бета-каротен, но исто така има магнезиум и влакна кои ѝ даваат сјај на кожата.

Прочитајте кои намирници може да ви помогнат во борбата против целулитот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар