Ретрограден Меркур ќе им донесе нови предизвици на овие 4 хороскопски знаци!

Ретрограден Меркур ќе им донесе нови предизвици на овие 4 хороскопски знаци!

Ретроградното движење на Меркур кое ќе трае сè до 3 јуни ќе влијае врз начинот на кој комуницирате со другите. Затоа, од голема важност е да обратите внимание на зборовите и добро да размислите пред нешто да кажете.

Ретрограден Меркур ќе им донесе нови предизвици на овие 4 хороскопски знаци!

Од знакот Близнаци, ретроградниот Меркур на 22 мај ќе премине во знакот Бик и ќе остане таму сè до крајот на своето ретроградно движење. Овој земјен знак е познат по својата тврдоглавост, па понекогаш ќе се чувствувате фрустрирано во однос на надредените и ќе посакате да се слушне и вашиот глас. Сите ќе го почувствуваат ретроградното движење на Меркур, но тоа најмногу ќе влијае врз следните хороскопски знаци:

Бик

Ретроградното движење ќе влијае особено врз вашите финансии, но и врз вашата самодоверба и самопочит. Време е да обратите нешта на работите кои ги избегнувавте. Дали некој во последно време се обидува да ве омаловажи? Размислете за вашите потреби и чувства. Освен тоа, во овој период треба да направите и детална финансиска ревизија за да станете свесни во поглед на навиките на трошење.

Близнаци

Ве очекува емотивна криза, но вие тоа веќе го претчувствувате, нели? Интроспекцијата може да биде позитивна доколку не им дозволите на вашите мисли целосно да завладеат со вас, што може да биде особено исцрпувачки. Обидете се да се поврзете со себе така што ќе станете свесни за моментот, овде и сега. Доволно е да слушате внимателно, да ги следите сигналите и да внимавате на знаците.

Девица

Постои ризик од грешки при јавни настапи. Сите погледи ќе бидат вперени во вас, затоа обидете се да дадете сè од себе. Подгответе се за можноста и за погрешна комуникација, пропратена со многу чекање, недоследности и нелогичности. Сепак, колку и да се чини предизвикувачки, ќе сфатите дека ништо не ви изгледа толку тешко. Доволно е да се помирите со фактот дека и грешките се дел од животот.

Риби

Ретроградниот Меркур ќе влијае врз вашите односи со семејството. Постои можност за промена во поглед на животните ситуации, но бидете внимателни и со какви било непромислени одлуки. Ова сметајте го како знак од универзумот дека навистина треба да се справите со ситуацијата во вашиот дом. Без разлика дали живеете со вашето семејство или со цимери, бидете искрени за тоа како се чувствувате. Освен тоа, можни се и дефекти на уреди во домаќинството. Од големо значење е да останете трпеливи докрај, затоа што набргу ќе се решат овие проблеми.

Откако прочитавте како ќе се одрази ретроградниот Меркур врз дел од хороскопските знаци, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот кинески хороскоп за мај 2022.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар