Неделен хороскоп од 4 до 10 јули: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Неделен хороскоп од 4 до 10 јули: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Прочитајте ги астролошките предвидувања за оваа недела!

Неделен хороскоп од 4 до 10 јули: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Овен

Љубов: Ќе добиете впечаток дека љубовта ви се лизга ода раце, а тоа ќе ве растажи и изнервира. Треба да сфатите дека не секогаш сте вие во право и дека понекогаш треба да ги земете предвид аргументите на другата страна.

Кариера: Нема да запоставите ниту еден детаљ, а вашата прецизност ќе биде особено ценета. Освен тоа ќе покажете колку сте оригинални. Тоа ќе ве поттикне да размислувате за нов пристап кон работните обврски.

Бик

Љубов: Воопшто нема да се чувствувате осамено бидејќи многумина ќе уживаат во вашето друштво, а вам ви преостанува да бидете мудри при изборот.

Кариера: Кога се чини дека не може да биде подобро, вие сте оние кои ги убедуваат другите да дадат сè од себе, па така ќе биде и во овој случај. Држете се до она што сте го замислиле и спроведете го докрај. Вашата храброст ќе ви донесе успех.

Близнаци

Љубов: Ќе чувствувате силна потреба за сигурност затоа ќе се согласите да направите компромис. Но, потоа ќе ѝ пристапите на љубовта на сосема нов начин откако ќе сфатите дека не постои никаква гаранција за ништо на светот.

Кариера: Фокусот ќе ви биде насочен кон финансиите бидејќи повеќето работи ќе зависат од нив.

Рак

Љубов: Поголемиот дел од неделата ќе го поминете во интересно друштво што ќе ви помогне да ги надминете секојдневните грижи и проблеми. Доколку сè уште не сте во врска, ќе запознаете нови луѓе кои со задоволство ќе ве прифатат.

Кариера: Истражувачката работа ќе биде вашиот главен фокус. Ќе се позанимавате со неиспитани или скриени работи. Некои од вас ќе се обидат да ги остварат своите соништа преку необичен пристап.

Лав

Љубов: Ќе посветите повеќе време за самоанализа, а тоа ќе ви помогне да се преиспитате себеси, но и вашите очекувања од другите. Благодарение на интуицијата ќе почувствувате дека времето не е најповолно за љубов, па затоа ќе уживате во самотијата.

Кариера: Ве очекува нова фаза на учење и напредок. Многумина од вас ќе ги усовршат сопствените вештини и ќе научат нови работи поврзани со професијата.

Девица

Љубов: И понатаму ќе продолжи да ве мачи чувството на нејаснотија кога станува збор за приватниот живот. Сепак, оние кои немаат никакви обврски кон никого ќе се чувствуваат најдобро. Најважно е да се обидете да останете смирени и да не очекувате ништо.

Кариера: Ве очекува продуктивен период исполнет со планирање нови проекти, но и поврзување со помлади соработници. Очекувајте нови успеси, особено доколку имате можност да ја покажете вашата креативност.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар