Рецепт за највкусниот сладолед без јајца

Рецепт за највкусниот сладолед без јајца

Денес ви споделуваме рецепт за највкусниот летен десерт – сладоледот, без јајца и крем. Доколку сте интолерантни на млечни производи, не јадете храна од животинско потекло или едноставно сакате промена ова е вистинскиот рецепт за вас!

Рецепт за највкусниот сладолед без јајца

Потребни состојки:

  • 800 милилитри кокосово млеко
  • 160 грама кокосов шеќер
  • 45 грама агава сируп
  • 1 лажичка екстракт од ванила

Начин на подготовка:

1. Измешајте ги кокосовото млеко, агава сирупот, шеќерот и екстрактот од ванила. Мешајте со миксер додека смесата не се соедини.

2. Доколку имате машина за сладолед, истурете ја смесата и мешајте околу 20 до 25 минути. Оставете го сладоледот во замрзнувач.

3. Доколку немате машина за сладолед, префрлете ја смесата во длабок сад кој ќе го ставите во замрзнувач. По 20 минути повторно измешајте и вратете ја смесата во замрзнувачот. Повторете ја оваа постапка сè додека не сте задоволни со текстурата на сладоледот. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за посен кремаст сладолед од банана и шумско овошје.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар