Неделен хороскоп од 27 јуни до 3 јули: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Неделен хороскоп од 27 јуни до 3 јули: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Не пропуштајте ги астролошките предвидувања за оваа недела!

Неделен хороскоп од 27 јуни до 3 јули: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Овен

Љубов: Доколку копнеете за малку љубов, погледнете ги подобро луѓето од вашето најблиско опкружување. Еден телефонски повик може да значи почеток на пријатно познанство кое може да прерасне во нешто повеќе.

Кариера: Не сте целосно свесни за вашите можности. Од вас се очекува да покажете поголема умешност при справување со работните обврски. Доволно е да го правите она што сакате да го правите, а потоа да му се посветите на тоа што го сакате. Тоа ќе ви овозможи да напредувате на стабилен и сигурен начин.

Бик

Љубов: Овие денови ќе бидете склони кон дружењето со другите и подготвени за разговор во секое време. Доколку веќе сте во врска, очекувајте подобрување, но и повеќе заеднички моменти со партнерот.

Кариера: Како што одминуваат деновите ќе сфатите дека на вашиот бизнис му претстои успешна и просперитетна иднина. Од друга страна, ова сознание ќе ве поттикне да развиете нови планови. Сепак, ќе ви недостига енергија веднаш да ги реализирате.

Близнаци

Љубов: Доколку не сте во врска, ве очекуваат нови, интересни познанства. Доколку, пак, сте во врска, ќе потрошите повеќе од испланираното за да ја импресионирате саканата личност. Сепак, не грижете се бидејќи сето тоа ќе вроди со плод.

Кариера: Овој период ќе се чувствувате особено уморни и ќе ви треба многу повеќе време за да ги правите работите кои вообичаено ги извршувате многу побрзо. Затоа, потребно е да го планирате работното време и подобро да се организирате.

Рак

Љубов: Ве очекуваат мали победи на љубовен план. Тоа значи дека ви претстојат нови познанства, забава и пријатни искуства во опуштената атмосфера на вашиот дом.

Кариера: На работа, одвај чекате да покажете што знаете и умеете, но од друга страна, попаметно би било да одложите некои задачи. Обидете се да воспоставите биланс.

Лав

Љубов: Во следните неколку денови вашиот љубовен живот ќе премине во дискретна фаза со оглед на тоа дека ќе чувствувате потреба за повлекување. Тоа значи дека оние кои не се во врска нема да имаат желба за нови познанства, а оние кои се во врска ќе поминуваат повеќе време дома, со своите партнери.

Кариера: Ве очекува ветувачки, но и тежок напредок во кариерата. Ќе имате и доволно енергија, не само да ги извршувате своите обврски туку и да ги поттикнете другите да работат. Единственото нешто на кое треба да обратите внимание е подобра организација на работното место.

Девица

Љубов: Секојдневните страсти и емоции ќе остават посебен белег врз вашиот љубовен живот. Нешто убаво и пријатно ве очекува овие денови, па така ќе ги паметите само по добро работи.

Кариера: Нема да биде лесно да не одговорите на провокациите на работа, но понекогаш е подобро да се воздржите.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар